Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Министерството за дигитална трансформација потпиша Меморандум за разбирање со Emirates Investment Group

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски потпиша меморандум за разбирање со Emirates…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски потпиша меморандум за разбирање со Emirates Investment Group со цел воспоставување рамка за соработка во насока на меѓународно позиционирање на предложената иницијатива за дигитален иновациски хаб.

Меморандумот, од страна на Emirates Investment Group, го потпиша д-р Хамад Ал Шамси, претседател на Бордот на групацијата.

Целта на меморандумот е да се овозможи соработка во делот на подготовка на стратешки и инвестициски презентациски материјали, обезбедување советодавна поддршка, усогласување со најдобрите практики од ОАЕ и меѓународните практики, како и поддршка во процесот на привлекување меѓународни инвеститори, стратешки партнери и технолошки оператори.

Реклама

Министерството за дигитална трансформација соопшти дека преку ваквите активности продолжува да работи на отворање нови можности за поголема меѓународна видливост на земјата во областа на дигиталните инвестиции, иновациите и напредните технологии.

Оваа соработка претставува важен чекор кон зајакнување на дигиталниот екосистем, создавање услови за нови партнерства и поддршка на иницијативи кои можат да придонесат за економски развој и подобро позиционирање на државата во глобалните технолошки текови.