Реклама

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Македонија

Културното наследство жртва на негрижата

Државата да го одврзи ќесето и да обезбеди пари за одржување,заштита и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државата да го одврзи ќесето и да обезбеди пари за одржување,заштита и санација на вредното македонско културно наследство оти во спротивно, неповратно ќе го изгубиме-алармираат археолозите кои се охрабрија отворено да зборуваат за тоа во каква состојба е нашето културно богатство ,кое како што велат-не е ни за покажување.

 “Моментално е во лоша состојба, треба многу инвестирање за да ја подобриме состојбата во заштитата и презентацијата на културното наследство и тоа да го направиме ресурс кој што ќе почне да враќа бенефит за државата.Моментално во оваа состојба најголем дел од археолошките локалитети и споменици на култура не се во состојба која што може да биде доведена за презентација”-вели Орданче Петров од Македонско археолошко друштво.

 “Се доделуваат финансиски сретства по 100,200,300.000 ден што е едно минорно финансирање кое што јас во свое време би го одбивал и го одбивав, испод милион денари за заштита на археолошки истражување од поголеми размери е смешно да се оди на терен или да се заштитува”-вели Паско Кузман

Реклама

Еминетниот археолог Паско Кузман без задршка наброи кои архелошки локалитети во Охрид кој е ризница на културно наследство,се загрозени.  

 “Одма ќе кажам за Самоиловата тврдина па и за Плаошник како најзначајни локалитите до сега што ги имаме реставрирано, конзервирано и презентирано, бидејќи не се води доволна грижа за нивното одржување.Што значи ако одите сега на Самоиловата трдина, ќе видите зарастени дрвја и вегетација по ѕидовите кои што ги уништуваат ѕидовите, вегетацијата тоа го прави”-вели Кузман

И не само Самоливата тврдина и Плаошник,ако не се одржува ќе почне да пропаѓа и наколната населба во Заливот на коските кај Градиште.Државата треба да посвети големо внимание на овие локалитети од кои печали убави пари и наместо дс ги вложува во нивно одржување,преку министерството за култура тие пари го распоредува за локалитети низ цела држава.Да се остави политиката на страна, Охрид мора да го добие она што го заслужува, дециден е Кузман.

Новинар Росица Голабоска

Снимател,монтажа Златко Маневски