Работничките права за усогласување на платите со минималециот за прв пат се прекршени во 2017 година со покачување на минималецот. Според Конфедерацијата на слободни синдикати, синдикалната пролет која трае и денес започна во 2018 година кога преку протести се поставија барањата за кои се уште се води борба.
– Имаме покачување од 12.000, 12.500, 14.00, 14.500 па 15.200 денари. Рокот е одамна поминат. Ние цело време бараме усогласување. Имаме 20 отсто во образование, пет отсто во јавен сектор, 30 проценти во здравство, а 75 проценти покачена минимална плата. Законот за плати е комплицирана процедура затоа што тука имате илјадници професии во јавниот сектор и ќе трае најмалку една до две години. Тоа е огромен процес кој е прашање дали ќе се донесе и во септември 2023 ако работиме секој ден. Само се замајува јавноста, смета Благоја Ралповски.

За КСС не е прифатливо понуденото покачување од ССМ за 2806 денари затоа што платата се исплаќа по бод или по сработено. Со измените на Законот се спречува покачување на платите според бодот, а потпишување на општ колективен договор на кој како што велат од КСС тие се единствени потписници нема да го реши проблемот со платите.
Дел од администрацијата и овој месец на сметка ќе има плата помала од минималецот . Проблемите од овој тип беа и причина КСС да отпочнат со протести кои беа прекинати поради притисоци за кој КСС најави кривични пријави. Дел од граѓанскиот сектор велат дека не е исплатен минималец и за приватниот сектор, прашањето кое се поставува е ако државата не ги почитува законите кои ги поставила, како ќе ги почитува приватникот ?
Од КСС тврдат дека тие се најголемиот синдикат, а нивната репрезентативност им е одземена од социјалните партнери .Пред конгресот на КСС кој ќе се одржи утре, дел од независните синдикати и граѓанскиот сектор ги повикаа на Конфедерацијата на синдикално обединување за да го спречат делувањето на ССМ, бидејќи сметаат дека овој синдикат работи спротивно од користа на работниците.
Кристина Алексиеска
