Реклама

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа, ги договараме Чебрен и Галиште, се менува геостратешката положба на земјата

Мицкоски: Не се инаетиме со Бугарија, не сме тврдоглави, но тоа е двонасочна улица во која бараме решенија со предвидлив крај

Мицкоски од Вашингтон: Во Македонија и во оваа Влада, САД гледаат исклучително близок пријател во регионот и во Европа, нивната поддршка останува непроменета, договараме капитални проекти

Билатерални договори со земјите од ЕУ – засега единствено решение за проблемот на превозниците

Артан Груби и Перпарим Бајрами заедно во судница – судење за „Државна лотарија“

Македонија

Кос: Охрабрени сме во Брисел од реформскиот скок на земјата, потврда дека Владата може да испорача

Еврокомесарката за проширување Марта Кос на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еврокомесарката за проширување Марта Кос на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Владата денеска истакна дека Македонија е една од земјите со најдобри постигнувања во делот на реформската агенда со исполнување на 10-те реформски барања, со исклучок на Изборниот законик. Сепак, рече таа, усвојувањето на договорените уставни измени останува неопходниот следен чекор за почнување преговори и ја охрабри Владата да го започне процесот.    

– Охрабрени сме и навистина среќни во Брисел што Македонија навистина направи еден ваков скок на првите позиции кога станува збор за реформите во Планот за раст – истакна Кос.

Ова покажува, додаде таа, дека таму каде што има политичка волја Владата може да испорача. За земјата се 750 милиони и Владата, рече еврокомесарката, ќе го добие тоа откако реформите ќе бидат испорачани и тие пари може да се искористат за граѓаните. 

Реклама

– Иако во моментов Македонија не може да оди напред во пристапните преговори не значи дека вие или ние не испорачуваме. Вие испорачувате многу во реформската агенда – рече Кос. Тоа ќе биде начелото што ќе се користи и во новиот Буџет на ЕУ. Ова, нагласи таа, е навистина охрабрувачки момент во односите меѓу Северна Македонија и ЕУ затоа што земјата испорачува, а Унијата го забележува тоа.   

– Планот за раст е нов начин на кој ЕУ се ангажира со земјите кандидати. Имаме финансиски инструменти. Ова не е некакво милосрдие. Ние можеме да даваме заеми и грантови на Владите на земјите кандидати само ако тие испорачаат. Овој Изборен законик е над 4 милиони. За мене се ова навистина многу пари. Не е тоа само да се штиклираат реформите туку за да се направи нешто добро за земјата – рече еврокомесарката. 

Еврокомесарката Кос најави дека претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен наесен ќе ја посети земјава. 

По средбата со Мицкоски, Кос ќе разговара и со претседателот на Собранието Африм Гаши, а ќе има средба и со вицепремиерот и министер за европски прашања, Беким Сали.

Комесарката Кос заедно со Сали и со министерката за образование и наука ќе го посети студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје, реновиран со средства од ЕУ. Таа исто така ќе се сретне со младински организации од земјата за да разговараат за можностите што ги нуди поблиската интеграција со ЕУ на младите луѓе, вклучително и преку програми, како што се „Хоризонт Европа“ и „Еразмус+“. Подоцна во текот на денот, комесарката Кос ќе се сретне со претставници на организациите на граѓанското општество и медиумите за да разговара за спроведувањето на клучните реформи поврзани со ЕУ, особено во областа на владеењето на правото.