Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Координативен состанок на скопските градоначалници за последиците од невремето

Скопските општини ќе формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат да ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопските општини ќе формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат да ги пријават штетите предизвикани од невремето. Во координација со Град Скопје, ќе се врши стручна процена на пријавените штети, по што, согласно законската регулатива и расположливите можности, ќе започне постапка за поддршка на граѓаните при санацијата на оштетувањата на објектите за домување, најави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски по Координативниот состанок со скопските градоначалници за последиците од невремето.

Тој заедно со градоначалниците од скопските општини гоговориле општинските градежни инспектори, инспекторите за домување и другите надлежни служби да извршат засилени и строги контроли.

Ќе се проверуваат сите позиции и објекти каде што имало оштетени кровни конструкции за да се утврдат причините за истото, земајќи предвид дека, како што вели, нивното одржување треба да го имаат куќните совети.

Реклама

-Сите расположливи капацитети се ставени во функција и заеднички ќе се справиме со последиците од оваа сериозна природна непогода. Градот Скопје има и свој солидарен фонд во кој што имаме обезбедено средства за обештетување на граѓаните при вакви состојби, пишува Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил.

Тој се заблагодарува на брзата и навремена реакција на екипите на јавните претпријатија, Противпожарната бригада на Град Скопје кои, како што потенцира, веднаш по невремето ги оспособиле сите главни сообраќајници, а продолжиле со расчистување на тротоари, паднати гранки и дрвја во текот на целата ноќ.

-Вчера беше исклучително тежок ден за Скопје. Орканскиот ветер, со удари до 130 километри на час, предизвика паднати дрвја и гранки, оштетени возила, покриви, фасади, електрични водови, урбана опрема и приватен имот. Станува збор за временска непогода од размери какви што градот не памети со децении. Денес одржавме координативен состанок со скопските градоначалници и Кризниот штаб на Град Скопје, на кој ги сумираме штетите и последиците од силното невреме што го зафати главниот град. Од состанокот повторно се упатуваме на терен, пишува скопскиот градоначалник.

Работата, нагласува, продолжува сè додека не бидат санирани последиците и не се обезбеди целосна безбедност за граѓаните.