Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Свет

Кон стотиот ден од инвазијата во Украина: Соборен украински борбен авион во Миколаев

Русија собори украински борбен авион во регион Миколаев, бомбардирале радарска станица и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Русија собори украински борбен авион во регион Миколаев, бомбардирале радарска станица и две складишта за муниција во источна Украина. Земјата се упатува кон 100-тиот ден од инвазијата на Украина, откако се откажа од нападот врз главниот град Киев сега притиска на истокот и југот од земјата.  Руското министерство за одбрана соопшти дека руските војници пронашле возило со тела на 152 борци во фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол. Портпаролот на Министерството за одбрана го опиша како провокација, за да се обвини руската страна.

„За време на инспекција на подземните објекти на фабриката „Азовстал“ во Мариупол, каде што се криеле предадените нацисти од украинската формација „Азов“, руските војници пронајдоа изолирано возило. Потсетувам дека пред да се предаде, раководството на „Азов“ јавно апелираше до Зеленски да ги однесе телата на загинатите. За да можат нивните семејства да ги закопаат на територијата што ја контролира Киев. Сепак, немаше барања од Киев да ги примат телата на загинатите од фабриката „Азовстал“ – изјави Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана.


Од Украина обвинуваат дека руските војници го гранатирале Харков, биле повредени неколку луѓе и запалени куќи. Украинскиот претседател изјави дека Русија акумулирала максимална борбена моќ на армијата во Донбас. Рече дека ситуацијата останува исклучително тешка.

Реклама


„Окупаторите во регионот Луганск ја прекинаа евакуацијата од борбената зона со гранатирање на возилото што возеше за да ги собере локалните жители. Ситуацијата во Донбас останува исклучително тешка. Руската армија се обидува да собере огромни сили за да изврши поголем притисок врз нашите бранители“ – изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина

Во меѓувреме продолжува и евакуацијата на цивили. Под координација на украинскиот Црвен крст, колона автобуси донесе претежно стари луѓе, жени и деца во градот Чухуив, 40 километри југоисточно од  Харков, вториот град во Украина, кој е зафатен од битки.

Бојана Златкова