Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите

На телевизија Алфа гостуваше претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На телевизија Алфа гостуваше претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески кој на самиот почеток истакна дека мерката за студентско практикантство во локалните самоуправи има за цел да им овозможи на младите стекнување практично искуство, при што студентите во текот на август и септември ќе можат да бидат практиканти во општините од кои доаѓаат, информира ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, иницијативата, која се реализира под водство на Министерството за локална самоуправа во соработка со повеќе државни институции и државните универзитети, ќе придонесе младите да стекнат практични знаења, а општините да добијат дополнителна енергија и нови кадри.

„Ова е една нова иницијатива која е под водство на Министерството за локална самоуправа, во соработка со повеќе државни институции, а исто така и со државните универзитети. Мерката предвидува дека за време на месеците август и септември студентите ќе имаат прилика активно да учествуваат, односно да бидат практиканти внатре во локалните самоуправи на своите општини. Визијата позади оваа мерка е да воведеме една реална политика каде што младиот човек ќе можеме да му дадеме практично образование, на општините да им дадеме млада силна енергија. Младите се едни од столбовите на ВМРО-ДПМНЕ, во програмата што ја понудивме пред граѓаните во 2024 имаше голем број на проекти за млади коишто сите сме фокусирани да ги исполниме“, рече Конески и додаде:

Реклама

„Ако ги гледаме фактите во последните две години имаме тренд на позитивна миграција, прв пат македонските иселеници по подолго време гледаат дека во Македонија има власт којашто работи кон зголемување на потенцијалот економски на државата, зголемување на атрактивноста на државата и гледаме дека државата прв пат после подолго време работи на покревање на економскиот стандард“.

Конески го коментираше и подмладокот на опозицијата, обвинувајќи дека ги повторуваат ставовите на партиското раководство во однос на евроинтегративниот процес и уставните измени. Тој оцени дека младите од опозицијата не ги извлекле поуките од, како што рече, претходните политички одлуки и дека ја следат реториката на партиското раководство.

„Токму тие доаѓаат од структурата која го смени името со ветувањето дека веднаш се отпочнуваат преговорите за Европската Унија, но не се случи тоа, и сега повторно пробуваат да ја сервираат тезата дека со безусловното прифаќање на Бугарите во Уставот, ќе се затвори таа тема и ние преку ноќ ќе станеме полноправна членка на Европската Унија. Многу ми е жал што тие млади луѓе немаат научено ништо, ги немаат научено историските лекции коишто они биле во позиција на одлучување и што слепо ја следат врхушката нивна којашто за жал од ден во ден паѓа во се поголема антимакедонска реторика“, дециден е Конески.