Реклама

Нова средба, но без решение: Изборните правила остануваат блокирани во Собранието

Скопје наликува на метропола – граѓаните задоволни од начинот на кој Ѓорѓиевски се фати во клинч со проблемите

Сите аргументи покажуваат дека онлајн или гласањето по пошта е решение кое ќе го подобри изборниот процес

ФЗОМ најави поевтини антикоагуланси и построги правила за препишување

Храната поевтина 1,1%, транспортот за 1,6% – месечната инфлација во негатива, мерките на владата дадоа резултат

Од ривал до сојузник- Герасимовски како можно преодно решение на Филипче за смирување на страстите во СДСМ?

Богдановиќ гостин во вестите на Алфа: Филипче и неговите најблиски продолжуваат да го потонуваат СДСМ под дното.

Бесплатна правна помош – слаба информираност, мала искористеност

Повеќе од 250 хектари земјоделско земјиште изгореа во пожарот во Пробиштип

МВР работи на механизам – казни од „Сејф сити“ и за странските возила

Најмалку 120 доброволци ќе гаснат пожари без пари

„Преку езерото“ годинава од 8-15 јули во Дојран, Струмица и Гевгелија

Македонија

Клековски: За две години буџетот за позитивната листа го зголемивме за 10 милиони евра, се очекуваат и лекови за ХОББ, бубрежна болест, дијабетес и срцева слабост

Очекувам до крајот на годината, заедно со новиот директор на Фондот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Очекувам до крајот на годината, заедно со новиот директор на Фондот за здравствено осигурување, по 14 јули, да се договориме за вклучување уште еден лек од групата на „фостер“, наменет за лекување хронична опструктивна белодробна болест и астма, на позитивната листа на лекови. Речиси четири проценти од населението живее со астма. Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, кој рече дека она што го прават во моментот со новиот директор на Фондот е да обезбедат дополнително намалување на цените за да создадат простор за воведување најнова генерација трикомпонентни лекови.

Појасни дека во моментот се користат двокомпонентни терапии, а следниот чекор е воведување трикомпонентни лекови, кои овозможуваат подобра контрола и покривање поголем број случаи.

– Следната група лекови за која очекувам да биде опфатена се лековите за хронична бубрежна инсуфициенција, дијабетес и срцева слабост. Тука има неколку лекови што се користат во разни дози. Матичните лекари реагираат дека по претходните проширувања на позитивната листа, некои лекови веќе не може да ги препишуваат за повеќе дијагнози бидејќи системот ги прифаќа само за една дијагноза. Тоа е точно. Во моментот тие лекови се ограничени само на одредени состојби и може да се препишуваат само за дијагнозите и шифрите за кои се одобрени, а не и за други индикации – рече Клековски одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференција во Владата.

Реклама

Тој додаде дека најчесто лековите во Македонија се регистрираат во Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) и при регистрацијата се утврдува за кои дијагнози и индикации може да се користи одреден лек.

– За две години, буџетот за позитивната листа го зголемивме од 50 на 60 милиони евра. Меѓутоа, таквите зголемувања мора да бидат проследени со поголема контрола на индикациите за кои се препишуваат лековите. Лековите имаат точно утврдени индикации. Ако треба да се препишуваат за нова индикација, производителот е должен да ја прошири регистрацијата во МАЛМЕД. На пример, одреден лек на почетокот можел да биде регистриран за три индикации во онкологијата, а денес да има одобрение за 21 индикација. Но, тоа мора официјално да го пријави производителот во МАЛМЕД бидејќи ние не можеме да финансираме или да дозволиме препишување лекови надвор од индикациите утврдени со нивната регистрација – истакна Клековски.

Потенцира, доколку лекарите сметаат дека треба да се променат индикациите за кои се препишува одреден лек, тогаш производителите и нивните застапници треба да побараат промена на регистрацијата во МАЛМЕД.

– Секако, постојат лекови што со децении се присутни во Македонија и за кои немало иницијатива или потреба да се направат измени во регистрацијата. Но, неминовно е сите да бидеме малку подинамични во овие процеси за да можеме побргу да се приспособуваме кон утврдените правила и кон промените што се случуваат во здравствениот систем – додаде Клековски.