Реклама

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Мицкоски: Кога од СДСМ ќе обвинуваат за масовна делегација, ќе потсетам дека со владите на Заев и Ковачевски оделе по 50-ина луѓе, но без резултати

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје на средби со претседателката Сиљановска Давкова и премиерот Мицкоски

Мицкоски: Нема да се повлечеме од податочните центри и антимонот, тоа е иднината на земјата

Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со американската DFC

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Прес-релис

Касинос Аустриа Интернатионал Македонија со донација од 6.690.600 денари го реконструираше спортското игралиште во ООУ „Гоце Делчев“ – Виница

Касинос Аустриа Интернатионал Македонија инвестира во проекти што оставаат трајна вредност за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Касинос Аустриа Интернатионал Македонија инвестира во проекти што оставаат трајна вредност за локалната заедница. Со донација од 6.690.600 денари, компанијата целосно го реконструираше мултифункционалното спортско игралиште во рамките на ООУ „Гоце Делчев“во Виница, создавајќи современ, безбеден и функционален простор за спорт и рекреација.

Во рамки на реконструкцијата, дотраената асфалтна подлога беше заменета со современа гумирана тартан подлога, со што значително се подобрија условите за одржување на наставата по физичко образование, како и за спортските активности на учениците и младите од општината.

„Би сакале да изразиме искрена благодарност до Касинос Аустриа Интернатионал Македонија, која како општествено одговорна компанија одговори на нашето барање и овозможи реализација на овој значаен проект. Благодарение на нивната донација, добивме современ и безбеден спортски терен кој ќе биде место каде учениците ќе ги развиваат своите спортски вештини, ќе градат здрави навики и ќе го негуваат спортскиот дух. Овој простор ќе биде од корист не само за училиштето, туку и за младите од целата општина“, изјави директорот на ООУ „Гоце Делчев“ – Виница, Дејан Михајлов.

Реклама

Општествената одговорност претставува еден од темелите на работењето на Касинос Аустриа Интернатионал Македонија. Со оваа инвестиција, Касинос Аустриа Интернатионал Македонија уште еднаш ја потврдува својата посветеност да создава услови во кои младите ќе растат, ќе спортуваат и ќе ги развиваат своите потенцијали во безбедна и современа средина.