Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

И тоа е возможно во Македонија: Власта сака ја праќа власта во опозиција

Власта ја праќа власта во опозицијата. И тоа е возможно во овие…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Власта ја праќа власта во опозицијата. И тоа е возможно во овие околности во Македонија. Алијанса за Албанците, коалициониот партнер на ДУИ и СДСМ, смета дека интегративците со кои ги договараат сите владини одлуки, треба да ја напуштат Владата. Ова ни го соопшти министерот за информатичко општество Азир Алиу кој е дел од партијата на Арбен Таравари.

-Треба да се ‘апдејтираат’ и да одат во опозиција. Треба да ја актуелизираат опозицијата, опозицијата е здрава. Пишман не, само требаше повеќе да се трудиме отколку ако имавме четиригодишен мандат, изјави Алиу.

Првиот дипломат и партиски заменик на Ахмети во ДУИ, пак не гледа никаков проблем. Одлично соработувале во владината коалиција и немало причина за некаква паника, друго воопшто не сакал да коментира.

Реклама

-Во Влада немаме никакви разлики, најсоодветно комуницираме, соработуваме сите министри дали од Алијанса, дали од ДУИ, дали од СДСМ. Така да апсолутно немам приметено никаква разлика дали во ставови или забелешки во однос на работењето на било кој од коалиционите партнери. Мислам дека тоа е важно, останатото нема да го коментирам. Важно е дека имаме добра меѓучовечка релација, добра соработка, изјави Османи.

Овие сценарија во владината коалиција доаѓаат на само неколку месеци пред претседателските и парламентарни избори, во моменти кога рејтингот на сите владејачки партии, меѓу кои се и ДУИ и Алијанса е во слободен пад.

Матеја Петровски