Реклама
Прилози

Има ли алтернатива Македонија за рускиот гас, по која цена и со каков квалитет?!

Со денови власта молчи по информациите за таксата што ни ја воведува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со денови власта молчи по информациите за таксата што ни ја воведува Бугарија за рускиот гас што преку нејзина територија стигнува до нас. Не само што нема никаква реакција од „Илинденска“, додека на пример Србија и Унгарија гласно критикуваат, туку нема никакво објаснување која ни е алтернативата, од каде би набавувале гас, и дали ќе биде со ист квалитет како рускиот? Овие прашање денеска не добија одговор, а произлегуваат од информациите на Алфа дека алтернатива на рускиот ни е гас од друга земја, со полош квалитет и повисока цена.

Ниту протестна нота, ниту реакција и тоа веќе неколку дена – буквално молк од македонската влада што Бугарија, спротивно на добрососедскиот договор, ни воведе такса за рускиот гас што стигнува до нас а транзитира низ бугарска територија. Алфа и денеска праша, ама од „Илинденска број 2“ нема никаков одговор дали како држава имаме некаква алтернатива, колку ќе не удри по џеб, и што значи ова за Македонија. Неофицијално, според извори на Алфа нереагирањето на македонските власти, ќе не чини уште поскап гас, ама и набавка на далеку понеквалитетн гас од рускиот.

Согласно пријателскиот договор, Бугарија треба да ја поддржува Македонија како земја аспирант за ЕУ, но со воведувањето на нови давачки, ни зададе дополнителен финансиски товар.

Реклама

Инаку, „Гаспром“ испорачува гас за Европа преку Украина, во количина од 41,8 милиони кубни метри дневно, преку гасната станица „Суја“ во руската област Курск, објаснуваат од „Газпром“.

  • Газпром од 22 октомври испорачува руски гас во транзит преку украинска територија во волумен потврден од украинската страна преку пумпната станица Суја во количина од 41,8 милиони кубни метри“, изјави претставник на Гаспром, пренесе ТАСС.

Транзитната линија низ Украина останува единствената рута за снабдување на земјите од Западна и Централна Европа со руски гас. Целосно е прекинато пумпањето низ Северен тек.

И додека Владата кај нас се однесува како ништо да не се случува, Србија и Унгарија експресно реагираа. Децидни се дека оданочувањето на Бугарија „драматично“ ќе ја зголеми цената на гасот што се доставува до овие земји. Тие најавија дека ќе бараат заеднички одговор од Бугарија и од Европската унија.

  • Верувам дека ќе успееме да решиме се со нашите бугарски соседи и пријатели. Едноставно има договори кои се јасни и недвосмислени, рече Вучиќ.

Реагираа и од кабинетот на министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто.

  • Бугарската одлука за наметнатата такса за транзит на природен гас од Русија е непријателски чекор кон Унгарија и Србија. Таа е против европската солидарност, бидејќи ја загрозува енергетската безбедност на земја членка на ЕУ и земја кандидат. Европската унија не применува санкции за испораките на природен гас од Русија, па аргументот на бугарскиот премиер во овој поглед е целосно неточен, вели Сијарто.

Добар дел од експертите веќе реагираа дека новата такса ќе се одрази на цената која ќе ја плаќа крајниот потрошувач и ја сметаат за голема уцена на бугарската политика врз земјава.

Oва не е прв пат Бугарија да го прекршува Договорот за добрососедство. Згора на се, Македонија исполни речиси се од него, ама и самата македонска власт веќе признава дека бугарските уцени нема да завршат, а ние остануваме се подалеку од ЕУ.

Борис Грујоски