Реклама
Свет

Зеленски тврди дека Украина годинава ќе ги почне преговорите со ЕУ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе ги започне преговорите за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе ги започне преговорите за пристапување во Европската унија оваа година. Зеленски истакнува дека Украина е „целосно подготвена“ за тоа

„Одржав состанок за Европската Унија за нашата интеграција. Оваа година треба да ги започнеме преговорите за членство. Украина е целосно подготвена за ова – го правиме она што е потребно од наша страна. И правиме се што е можно за да се осигураме дека ЕУ е исто така целосно подготвена. Токму оваа година“, истакна украинскиот претседател.