Реклама

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Прилози

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Популарниот Фестивал на пивото и скарата, попознат како „Пивофест“, започна да го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Популарниот Фестивал на пивото и скарата, попознат како „Пивофест“, започна да го живее своето 23-то издание. Три дена во градот под Марковите Кули сѐ ќе биде во знакот на оваа манифестација, која низ годините стана еден од најпрепознатливите забавно-музички брендови на градот. Преку 20-тина видови пиво од различни домашни и странски производители, заедно со прочуената прилепска скара, ќе се служат на 15-те штандови кои се распоредени на површина од 3.000 метри квадратни во централното градско подрачје.

„Комплетната инфраструктура е поставена, штандовите поставени, сѐ е подготвено за добар пречек на гостите. Започнуваме попладнево со добро познатите корпоративни дружби, продолжуваме вечерва со забавата, со формалниот дел, со формалното отворање на фестивалот и она што сакам како градоначалник да го кажам, а воедно и да испратам покана од оваа прес-конференција, уште една, завршна – да бидете тука. Главните случувања во РМ во овој период од летото се токму во Прилеп“ – порача градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски.

Тридневната фестивалска фешта, освен со настапите на познатите музички имиња – Џенан Лончаревиќ, Јордан Митев, Милица Павловиќ, Марјан Коцев, Даниела Мартиновиќ, Огнен Здравковски и други, ќе изобилува и со новини.

Реклама

„Годинашниот фестивал е на едно повисоко ниво, малку повозбудливо. Ја имаме фан-зоната. Се воведува сликање за граѓаните и посетителите со препознатливите мајмуни со отворени глави, каде што секој може да ја стави главата, да се слика и тие слики потоа можат да се објават на интернет“ – кажа Илија Волчески, актер и водител на Фестивалот.

Инаку, Општина Прилеп како покровител на Фестивалот, годинава ги дуплираше средствата, па финансиски го помогна со 2 милиони денари. За вечерашното официјално отворање најавено е и присуството на претставници од највисокиот политички врв во земјава, односно од Владата. А прилепската чаршија за време на Фестивалот ќе има продолжено работно време.