Реклама

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

Свет

Евакуирани се над 10.000 жители на Јужна Кореја

Повеќе од 10.000 луѓе се евакуирани во Јужна Кореја поради поплави, училиштата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од 10.000 луѓе се евакуирани во Јужна Кореја поради поплави, училиштата се затворени, а има и откажани летови. Околу 350 летови и 410 сообраќања на возови се откажани во Јужна Кореја. Нема пријавено жртви засега. Околу 1.600 училишта се затворени или префрлени на учење од дома.

Тропската бура Канун ја пустоши земјата.  Таа се движи кон главниот град на Јужна Кореја, Сеул, објави Ројтерс. Бурата може да го погоди и главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг, а тамошните државни медиуми објавија дека армијата и владејачката партија добиле наредба да подготват мерки за ублажување на поплавите. Невремето донесе и до 60 милиметри дожд на час во некои градови на источниот брег, а максималната брзина на ветерот беше 126 километри на час во југоисточното пристаниште Бусан, соопшти Метеоролошкиот институт. Државата сè уште се опоравува од интензивните монсунски дождови што ја погодија минатиот месец, при што загинаа повеќе од 40 луѓе, вклучително и 14 во поплавен тунел.

Поплави во Европа имаше во Словенија, Хрватска, Норвешка. Во Словенија поплавите причина големи материјали штети, а ЕУ ќе помогне за санирање на последиците.