Реклама

Директорот на Агенцијата за иселеништво Ангелов: Дијаспората бара електронско гласање

Откриена гробница стара од 4–6 век во близина на Баргала

Нова средба, но без решение: Изборните правила остануваат блокирани во Собранието

Скопје наликува на метропола – граѓаните задоволни од начинот на кој Ѓорѓиевски се фати во клинч со проблемите

Сите аргументи покажуваат дека онлајн или гласањето по пошта е решение кое ќе го подобри изборниот процес

ФЗОМ најави поевтини антикоагуланси и построги правила за препишување

Храната поевтина 1,1%, транспортот за 1,6% – месечната инфлација во негатива, мерките на владата дадоа резултат

Од ривал до сојузник- Герасимовски како можно преодно решение на Филипче за смирување на страстите во СДСМ?

Богдановиќ гостин во вестите на Алфа: Филипче и неговите најблиски продолжуваат да го потонуваат СДСМ под дното.

Бесплатна правна помош – слаба информираност, мала искористеност

Повеќе од 250 хектари земјоделско земјиште изгореа во пожарот во Пробиштип

МВР работи на механизам – казни од „Сејф сити“ и за странските возила

Македонија

Душко Иванов: Македонија клучна транспортна крстосница на Балканот се остварува

Македонија клучна транспортна крстосница на Балканот се остварува, интензивно се работи на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија клучна транспортна крстосница на Балканот се остварува, интензивно се работи на автопатите, завршени експресните Градско-Фариш, Страцин-Крива Паланка, подготовки за Кочани-Делчево и Струмица-Радовиш. Со посветена работа од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се остварува стратешката визија Македонија да стане клучна транспортна крстосница на Балканот, рече Душко Иванов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, денска на прес-конференција.

Како никогаш до сега во поновата историја на државата се случува голем бум на градежништво, како еден од главните драјвери на економскиот развој, се градат патишта, автопатишта, експресни патиштата.

Тоа го потврдуваат и од последните податоци на Државниот завод за статистика, кои велат дека за месец април имаме исклучително висок степен на реализација на капитални проекти што е за речиси една третина подобар за истиот месец од лани.

Реклама

Ваквиот градежен бум се должи на две години интензивна, посветена и макотрпна работа на Владата за изнаоѓање на решенија, решавање на наследени и тековни проблеми, инвестиции кои ја развиваат економијата и го подобруваат животот на сите граѓани во Македонија.

Интензивно се работи на завршување на останатиот дел од автопатот Кичево-Охрид, од кој 37 километри се пуштени во употреба и граѓаните веќе ги користат.

Следниот месец почнува изградбата на автопатот Скопје-Блаце, со што веќе се обезбедени средства, избрани се консултантот и изведувачот, кој Македонија ќе ја поврзе со Косово и со пристаништата во Албанија и во Црна Гора.

Сериозен прогрес на градежните работи има и на автопатиштата од Коридорот 8 и 10Д. Со изведувачот е постигната нова динамика за изградба на автопатиштата Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола. Забрзани се постапките за експропријација и решени се преку 2500 постапки, остануваат уште мал број на постапки да се дорешат.

Се поништи одлуката на претходната Влада за изградба на тунел на трасата Гостивар-Букојчани со што заштедени се 252 милиони евра во Буџетот, додека на делницата Прилеп-Битола веќе од следната година очекуваме да се вози по едната лента.

Тука се и експресните патишта Кочани-Виница-Делчево и Струмица-Радовиш за кои почнаа подготовките за нивна изградба. Тоа се проекти кои со години се ветувани и никој до сега, ниедна власт не направи ништо за изградба на овие патишта.

Кога сме кај експресните патишта не смееме да ги заборавиме Градско-Фариш и Страцин-Крива Паланка кој е дел од Коридорот 8, кои по долги години застој, Владата на ВМРО-ДПМНЕ целосно ги заврши и ги пушти во употреба.

Се инвестира и се гради во секој дел од државата, инфраструктурно се развиваме насекаде, со крајна цел, исполнување на стратешката визија Македонија да стане клучна транспортна крстосница на Балканот.