Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Државниот обвинител Савески на состанок на високо ниво за предметите поврзани со Скај ЕЦЦ платформата во Париз

Јавниот обвинител Ненад Савески учествува на состанокот на високо ниво во Париз,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавниот обвинител Ненад Савески учествува на состанокот на високо ниво во Париз, Франција, организиран од Европравда и Проектот за кривична правда на Западен Балкан, посветен на прибавувањето, анализата и ефикасното искористување на докази од Скај ЕЦЦ платформата во сложени случаи кои се од областа на организираниот прекуграничен криминал, соопштуваат од Јавното обвинителство.

Заедно со Савески на состанокот учествува и јавната обвинителка Милица Гаврилова од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, која е контакт-точка на обвинителството за прибавување на доказите од Скај ЕЦЦ платформата.

По пробивањето на криптираната комуникациска платформа, надлежните органи во повеќе европски држави и во земјите од Западен Балкан добија пристап до голем број пораки кои открија активности поврзани со трговија со дрога, перење пари, нелегална трговија со оружје, фалсификување документи и други форми на организиран криминал.

Реклама

– Од досега анализираните податоци, јасно е дека во сите предмети оформени врз основа на доказите прибавени од оваа платформа станува збор за криминал кој ги надминува границите, за што зборуваат и неколку тековни прекугранични истраги поврзани со Скај ЕЦЦ на кои работиме и кои се една од најважните алатки во борбата против организираниот криминал во Западен Балкан – рече Савески, нагласувајќи дека во моментов, во ОЈО ГОКК во тек се повеќе предистражни постапки, во кои се обезбедуваат докази и за кои се поднесени барања за меѓународна правна помош до Република Франција за пристап до материјали од Скај ЕЦЦ.

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Ненад Савески, учествува на состанокот на високо ниво во Париз, Франција, организиран од Европравда и Проектот за кривична правда на Западен

Од ЈОРСМ дополнуваат дека врз основа на доказите од оваа платформа поднесени се и три обвинителни акти од кои еден против корумпирани полициски службеници кои соработувале со организирана криминална група во делот на оддавање службени тајни и попречување правда со влијание врз сведоци. Во тие предмети се донесени првостепени одлуки – сите осудителни, а во моментот се очекуваат  одлуките на повисокиот суд, каде се одлучува по жалба на ОЈО ГОКК во однос на висината на казната и по жалба на одбраната која приговара на законитоста на доказите од Скај ЕЦЦ платформата.

– Она што може да се заклучи е тоа дека платформата иако беше разбиена во 2021 година, анализата на милиони пресретнати пораки и понатаму резултира кај нас со нови истраги, обвиненија и судски постапки. Воедно, преку обезбедените докази забележителен е ист или сличен modus operandi на организираните криминални групи, што ни овозможува полесно предвидување на нивните инкриминирачки активности и разоткривање на криминалните конекции со групи од други држави од регионот и пошироко – наведе државниот обвинител Савески на форумот на кој учествуваат претставници на јавните обвинителства од Западниот Балкан, Словенија и Хрватска.

На маргините на состанокот се одржуваат и билатерални средби за меѓусебна координација и зголемување на ефикасноста на прекуграничните заеднички истражни тимови формирани за конкретни предмети за организираниот прекуграничен криминал во кои доказите произлегуваат од Скај ЕЦЦ платформата.