Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Прилози

Доха може да стане најновата дестинација со која авионски ќе се поврзе Скопје

Нова  директна авиолинија Скопје -Доха но и нови инвестиции од Катар, најави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нова  директна авиолинија Скопје -Доха но и нови инвестиции од Катар, најави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски по средбата со раководството  на Qatar Airways. Тој ја заврши официјалната посета на Катар при што оствари средби со претставници на две значајни компании Катар Ервејс и Барзан Холдинг.

На средбата со раководството на „Катар Ервејз“, една од водечките светски авиокомпании, министерот Муцунски ја претстави инвестициската отвореност на Владата, а се разговараше и за можностите за воспоставување директна авионска линија меѓу Скопје и Доха -соопшти македонското МНР.

Според МНР ова би придонело  за подобра воздушна поврзаност, развој на туризмот, зголемување на трговската размена и поголема мобилност на граѓаните. На средбата со Барзан Холдинг пак  било разговарано за можности за соработка во одбранбената индустрија и безбедносните технологии, но и размена на искуства во развојот и модернизацијата на одбранбените капацитети. Барзан Холдинг е компанија која се знимава со вложување на одбранбените, сигурносните и високотехнолошки системи. Развој на воените и сигурносни технологии, развој на беспилотни системи како дронови и беспилотни копнени возила, системи за заштита на критична инфраструктура, командно-контролни и софтверски системи за  војска – се само дел од она што го работи оваа голема компанија која, е меѓу водечките светски.

Реклама

Посетата на Министерот Муцунски е дел од неговите активности за привлекување на странски инвестиции со цел продлабочувње на економската и трговската соработка меѓу двете земји.

Инаку досега се воведени повеќе од 25 нови авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром, со што граѓаните добија директни врски до повеќе европски дестинации. Меѓу нив се летовите до Париз, Барселона, Лион, Бари, Неапол, Палермо, Прага, Келн, Амстердам и Виена, како и повеќе туристички и чартер дестинации.