Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

ДЗР: Објавен Конечен ревизорски извештај за Комисијата за заштита на конкуренцијата за 2024 година

– Државниот завод за ревизија го објави извештајот за ревизија на Комисијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Државниот завод за ревизија го објави извештајот за ревизија на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

-Извршивме ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Комисија за заштита на конкуренцијата, на сметката на основен буџет (637) за 2024 година. Со извршената ревизија, изразивме мислење со резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година за сметката на основен буџет (637) и за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политики. Не е извршена ревизија, ниту е издаден извештај за годините кои претходат на годината што е предмет на ревизија на Комисија за заштита на конкуренцијата, на сметката на основен буџет (637). Со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност кај Комисија за заштита на конкуренцијата, сметка на основен буџет (637) за 2024 година, констатирани се следниве состојби:  – материјалната и сметководствената евиденција не се усогласени поради отсуство на вредносни показатели во пописните листи – соопшти ДЗР.

Оттаму наведуваат дека Комисијата нема преземено мерки за заштита на имотот преку осигурување, отсуство на единствена евиденција на предмети за кои се изречени глоби, слабости во содржината на тендерска документација и техничка спецификација во дел од постапките за јавни набавки.

Реклама

-Во насока на надминување на утврдените состојби, ревизијата даде препораки со цел преземање на мерки и активности од одговорното лице во функција на подобрување на состојбите. Во текот на ревизијата од страна на одговорните лица на Комисија за заштита на конкуренција прифатени се корекции дадени од Државниот завод за ревизија со вкупен ефект зголемување на активата и пасивата за 13.101 илјада денари, додава ДЗР.

Натаму, ДЗР истакнува дека дека во делот на нагласување на прашања во 2024 година Комисијата за заштита на конкуренцијата не работи во полн состав.

-Од страна на одговорното лице на Комисијата за заштита на конкуренцијата доставена е забелешка на Воведот на Нацрт извештајот на овластениот државен ревизор. Забелешката е разгледана и утврдено е дека истата претставува известување за дополнителна надлежност на Комисијата, додаваат од ДЗР.

Целосниот Извештај е достапен на следниот линк.