Реклама

Директорот на Агенцијата за иселеништво Ангелов: Дијаспората бара електронско гласање

Откриена гробница стара од 4–6 век во близина на Баргала

Нова средба, но без решение: Изборните правила остануваат блокирани во Собранието

Скопје наликува на метропола – граѓаните задоволни од начинот на кој Ѓорѓиевски се фати во клинч со проблемите

Сите аргументи покажуваат дека онлајн или гласањето по пошта е решение кое ќе го подобри изборниот процес

ФЗОМ најави поевтини антикоагуланси и построги правила за препишување

Храната поевтина 1,1%, транспортот за 1,6% – месечната инфлација во негатива, мерките на владата дадоа резултат

Од ривал до сојузник- Герасимовски како можно преодно решение на Филипче за смирување на страстите во СДСМ?

Богдановиќ гостин во вестите на Алфа: Филипче и неговите најблиски продолжуваат да го потонуваат СДСМ под дното.

Бесплатна правна помош – слаба информираност, мала искористеност

Повеќе од 250 хектари земјоделско земјиште изгореа во пожарот во Пробиштип

МВР работи на механизам – казни од „Сејф сити“ и за странските возила

Македонија

Даниела Димовска избрана за претседателка на Основниот кривичен суд Скопје

Судскиот совет денеска ја избра судијката Даниела Димовска за претседател на Основниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судскиот совет денеска ја избра судијката Даниела Димовска за претседател на Основниот кривичен суд Скопје. Членовите на Советот, кои ја поддржаа кандидатката, како клучни предности ги посочија нејзиниот акциски план, визионерскиот пристап во раководењето, капацитетот за унапредување на независноста и транспарентноста на судот, како и резултатите постигнати во текот на изминатата година додека ја извршуваше функцијата в.д. претседател.

Одлуката е донесена по спроведена постапка по јавен оглас, на кој апликации доставиле двајца кандидати – Даниела Димовска, судија и вршител на должност претседател на Основниот кривичен суд Скопје, и Ивица Стефановски, судија во истиот суд.

Претседателот на комисијата за избор, Ивица Николовски, информира дека двете пријави биле уредни и кандидатите ги поминале предвидените тестирања и интервјуа. По усвојувањето на извештајот и спроведеното гласање, за претседателка беше избрана Димовска.

Реклама

Во образложението на својата одлука, членот на Судскиот совет, Исамедин Лимани, оцени дека програмата и акцискиот план на Димовска „за нијанси содржат поголема иновативност во управувањето со Кривичниот суд“.

Антоанета Димовска посочи дека во интервјуата постоела разлика во пристапот на двајцата кандидати кон менаџирањето на судот.

– Судијката Даниела имаше визија како треба да се менаџира судот. Во однос на програмите, пристапот на Димовска е развоен, визионерски и оптимистички дека може да направи нешто, да обезбеди нешто и надвор од она што се дава, со учество во грантови и програми – рече таа.

Ивица Николовски изрази жалење што на огласот се пријавиле само двајца кандидати.

– Жал ми е што од 50 судии, повеќето ги исполнуваат критериумите да бидат апликанти по ова прашање, се јавија само двајца, иако знаеме дека за ова место може да аплицираат и судии од други судови. Не е спорно дека кандидатот за кој го дадов својот глас е човек со искуство и интегритет. Сметам дека ќе ги подобри работите во однос на независноста и транспарентноста. Она што беше пресудно да донесам одлука, кај кандидатката Даниела осетив визија, чувство и предизвик да се менаџира со овој суд и да се биде прв меѓу еднаквите – рече Николовски.

Според Данка Ристова, Димовска успешно се снаоѓала во досегашната функција.

– Сметам дека одлично се снајде во улогата в.д. претседател и ќе продолжи на овој начин, кој е малку поинаков од досегашните начини на раководење на судовите – рече Ристова.

Садула Изаири нагласи дека за него било важно како кандидатката го презентирала судот.

– Даниела, денеска, од Советот доби поддршка и сметам дека таа поддршка треба да ја прифати како одговорност, со оглед на тоа што раководи со суд, кој ја презентира перцепцијата за судството – рече Изаири.

Џенета Бектовиќ истакна дека Димовска како в.д. претседателка постигнала добри резултати и поседува богата професионална биографија.

Сузана Јошевска-Анастасовска посочи дека Судскиот совет треба да води сметка долгото вршење на функцијата вршител на должност да не се претвори во предност на еден кандидат во однос на другите оценувајќи дека изборните постапки треба да траат пократко за сите кандидати да имаат еднакви можности. Таа додаде дека гласала за Димовска бидејќи во изминатата година покажала „вонредни менаџерски капацитети“, како и врз основа на нејзината програма и акциски план.

Арлинда Кадри-Шахиновиќ оцени дека Димовска поседува јасна визија за унапредување на работата на судот, како и изразени менаџерски способности и капацитет за успешно раководење со човечките ресурси.

Тања Чачарова-Илиевска рече дека поддршката ја дала од две причини.

– Нејзиното визионерство, преточено преку програмата, јасно дава слика за човек што има јасна визија за тоа како да се движи во својот мандат со цел да го издигне судот на едно повисоко ниво, да ја заштити независноста на судиите и владеењето на правото применувајќи ги европските стандарди. Втора работа, присуствував на интервјуто и добив впечаток дека има далеку поголем капацитет за управување со судот – рече Чачарова-Илиевска.

Аритон Ала истакна дека гласал во согласност со извештајот на комисијата и акцискиот план на кандидатката.

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, рече дека при споредбата на програмите и акциските планови кај Димовска препознал поинаков пристап во менаџирањето на институцијата.

– Се надевам дека ќе успее да го спроведе она што го зацртала во програмата – рече Камбовски.

Во текот на расправата членовите на Советот упатија пофални оценки и за вториот кандидат, судијата Ивица Стефановски, оценувајќи дека и тој поседува професионални квалитети и капацитет за раководна функција.

Димовска пред една година беше избрана за в.д. претседателка на Основниот кривичен суд Скопје. Претходно беше судијка во Одделението за организиран криминал и корупција при истиот суд.

Според биографијата објавена на Основниот кривичен суд Скопја, Димовска е судијка во Основниот кривичен суд Скопје од септември 2016 година кога по завршувањето на Академијата за судии и јавни обвинители беше избрана за судијка на претходна постапка во одделот Кривично полнолетни. Пред тоа, од 2007 до 2013 година работела во Собранието на Македонија, а во 2010 година била избрана за член на Комисијата за заштита од дискриминација. Од 2006 до 2010 година била демонстратор по предметот Трудово право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Таа е дипломиран правник од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, каде што дипломирала во 2007 година како првенец на генерацијата 2003 – 2007. Магистрирала на истиот факултет во 2012 година на отсекот Деловно право, истата година положила и нотарски испит, а правосудниот испит го положила во 2011 година. Во 2015 година го положила завршниот испит на Академијата за судии и јавни обвинители, а од 2018 година е докторанд на Правниот факултет „Јустинијан Први“.Димовска е добитник на наградата „Франк Манинг“ за најдобар студент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за академската 2005/2006 година. Во 2017 година ја завршила обуката „Вовед во германското право“, организирана од Германската фондација за меѓународна соработка – ИРЗ, а е и коавтор на Прирачникот за спроведување на мерките за следење на комуникациите, објавен во 2019 година во соработка меѓу Академијата за судии и јавни обвинители и DCAF Женева. Покрај македонскиот, активно го познава и англискиот јазик.