Реклама

Директорот на Агенцијата за иселеништво Ангелов: Дијаспората бара електронско гласање

Откриена гробница стара од 4–6 век во близина на Баргала

Нова средба, но без решение: Изборните правила остануваат блокирани во Собранието

Скопје наликува на метропола – граѓаните задоволни од начинот на кој Ѓорѓиевски се фати во клинч со проблемите

Сите аргументи покажуваат дека онлајн или гласањето по пошта е решение кое ќе го подобри изборниот процес

ФЗОМ најави поевтини антикоагуланси и построги правила за препишување

Храната поевтина 1,1%, транспортот за 1,6% – месечната инфлација во негатива, мерките на владата дадоа резултат

Од ривал до сојузник- Герасимовски како можно преодно решение на Филипче за смирување на страстите во СДСМ?

Богдановиќ гостин во вестите на Алфа: Филипче и неговите најблиски продолжуваат да го потонуваат СДСМ под дното.

Бесплатна правна помош – слаба информираност, мала искористеност

Повеќе од 250 хектари земјоделско земјиште изгореа во пожарот во Пробиштип

МВР работи на механизам – казни од „Сејф сити“ и за странските возила

Македонија

Грчка музика и танц на летните културни фестивали во Битола и Охрид

Овој јули, грчката музика, митологија и танц пристигнуваат на два еминентни летни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Овој јули, грчката музика, митологија и танц пристигнуваат на два еминентни летни фестивали во Македонија. Со поддршка на Амбасадата на Грција во Скопје, Генералниот конзулат на Грција во Битола и значајниот придонес на грчките компании активни во земјата, публиката во Битола и Охрид ќе има можност да го доживее богатото културно наследство на Грција преку музика, танц и песна.

На 16 јули, античкиот театар Хераклеја Линкестис во Битола ќе биде домаќин на отворањето на Локум Фест, на кој ќе настапи реномираниот ансамбл од Тесалоники „10-те бузуки на Домна“ (Ta 10 Bouzoukia tis Domnas).

Широко познати по зачувувањето и промовирањето на богатото музичко наследство на Грција, „10-те бузуки на Домна“ ѝ нудат на публиката автентично патување низ звуците и традициите на грчката музика преку еден од нејзините најпрепознатливи инструменти – бузуки. Нивниот настап го отвора овогодинешниот Локум Фест, фестивал посветен на меѓукултурниот дијалог, традицијата и светската музика. Настанот е поддржан од EGNA Consulting.

Реклама

На 17 јули, во рамките на програмата на фестивалот на „Охридско лето“ на сцената Долни Сарај во Охрид ќе биде изведен танцовиот перформанс „Митот на Амазонките“. Амазонките, жени воини во митологијата, потомки на Арес, богот на војната, и нимфата Хармонија, биле прочуени по нивната храброст и исклучителни борбени вештини. Преку танц и сценско движење, овој перформанс го оживува нивниот свет, фокусирајќи се на два најпознати митови: деветтиот подвиг на Херакле – кражбата на златниот појас на кралицата Хиполита, и легендарниот двобој меѓу Пентесилеја и Ахил, во кој љубовта и трагедијата се испреплетуваат среде војната.

Сценариото и кореографијата на оваа продукција се дело на Артемис Игнатиу, светски позната како кореограф на церемониите на палење и предавање на Олимпискиот оган, улога што ја извршува од 2008 година. Нејзината уметничка визија стои зад една од најпрепознатливите олимписки традиции во светот за неколку Олимписки игри, вклучувајќи ги Пекинг, Лондон, Рио, Токио и Париз. Овој настан е поддржан од EDS, членка на PPC Group, една од водечките енергетски компании во Југоисточна Европа.

Билетите за двата настани се достапни преку соодветните фестивалски платформи.