Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Свет

Вучиќ: Го замолив Макрон да вложи дополнителни напори за Косово да се вразуми

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска телефонски разговараше со претседателот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска телефонски разговараше со претседателот на Република Франција, Емануел Макрон, и „го замолил да вложи дополнителни напори за Косово да се вразуми“, јави дописникот на МИА од Белград.

– КАКО И СЕКОГАШ, ОТВОРЕН И СЕРИОЗЕН РАЗГОВОР СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ МАКРОН, КОМУ МУ ГИ ПРЕЗЕНТИРАВ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ОПАСНИОТ РАЗВОЈ НА СИТУАЦИЈАТА НА КОСОВО И МЕТОХИЈА. СЕГА ВЕЌЕ НЕСКРИЕНОТО НАСИЛСТВО НАСОЧЕНО ПРОТИВ СРБИТЕ НА КОСОВО И МЕТОХИЈА СÈ ПОЈАСНО ЈА ОТСТРАНУВА СЕКОЈА МОЖНОСТ ЗА ЦИВИЛИЗИРАН РАЗГОВОР И ПРИСТАП КОН РЕШАВАЊЕ НА ОТВОРЕНИТЕ ПРАШАЊА, ОБЈАВИ ВУЧИЌ НА ИНСТАГРАМ ПРОФИЛОТ „БУДУЌНОСТСРБИЈЕАВ“.

Како што додаде, Србија останува посветена на дијалогот и зачувувањето на мирот, „иако српската заедница на Косово и Метохија е единствената етничка група во Европа која е изложена на постојано насилство“.

Реклама

– ПОБАРАВ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ МАКРОН ДА ВЛОЖИ ДОПОЛНИТЕЛНИ НАПОРИ ЗА ПРИШТИНСКАТА СТРАНА ДА СЕ ВРАЗУМИ И ШТО ПОСКОРО ДА СЕ ВРАТИ ВО РАМКАТА НА КОНКРЕТНИ РАЗГОВОРИ, КАКО И ДА ПРЕСТАНЕ ДА ГИ ПРАВИ БЕСМИСЛЕНИ СИТЕ НАПОРИ НАСОЧЕНИ КОН ДЕЕСКАЛАЦИЈА НА СИТУАЦИЈАТА, ПОСОЧИ СРПСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ.

Тој додаде и дека му се заблагодарил на Макрон за неговата подготвеност да го сослуша Белград, како и за неговата решеност да вложи дополнителни напори за решавање на исклучително сложената и пред сè опасна ситуација на Косово.