Реклама

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

Свет

Во американскиот Сенат е предложена резолуција за чествување на македонскиот јазик, култура и историја

Во Американскиот Сенат е предложена резолуција за чествување на македонскиот јазик, култура…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Американскиот Сенат е предложена резолуција за чествување на македонскиот јазик, култура и историја. Републиканскиот сенатор Мајк Брон ја претстави резолуцијата, според која, септември би се прогласил за месец на македонско-американско наследство при што би се славеле јазикот, историјата и културата на македонските Американци.

Претседателот на Обединетата македонска дијаспора, Методија Колоски, за Алфа вели дека целта на резолуцијата е да се истакнат бројните придонеси на македонските Американци во САД од различни области, почнувајќи од култура и уметност, до политика, бизнис, медицина, наука и спорт.

  • „Целта на оваа резолуција е да побараме претседателот на САД да го признае септември како месец на македонско-амирканското наследство и улогата што македонската заедница ја има во САД, унпаредувањето на САД во последните 150 години, откако почнаа макеоднците да се селат во поголеми бројки. Моментално претпоставуваме дека има околу половина милион американци со македонско потекло, што имаат многу направено во социо-економскиот живот во САД“ – Појасни Методија Колоски, Претседател на Обединетата македонска дијаспора

Тој додава дека со резолуцијата ќе се признае и македонскиот јазик, културата и историјаат на македонската заедница во САД.

Реклама

Во предговорот на документот се наведува дека од 1880 година десетици илјади македонци имигрирале во САД во потрага по граѓански и верски слободи и права, подобри економски множности, но и како одговор на Илинденското востание, и војните кои следеле во регионот, а во кои учествувал македонскиот народ.

  • „Oд 1880-тите, десетици илјади Македонци емигрирале во Соединетите Држави барајќи граѓански слободи, човекови права, верска слобода, економски можности и безбедност како одговор на Илинденското востание против Отоманската империја од 1903 година, Балканските војни 1912-1913 година , Првата и Втората светска војна, Граѓанската војна во Грција од 1946-1949 година и комунистичката политика на Југославија“ – Пишува во резолуцијата.

Во неа се додава дека денес, според проценките, низ САД има околу 500 илјади македонски доселеници населени во различни сојузни држави. Резолуцијата кој е по иницијатива на обединетата македонска дијаспора (омд), сега треба да биде одобрена од сенатскиот комитет за правосудство, за потоа да ја гласа целиот Сенат. Инаку, пред повеќе од еден месец, Германскиот Парламент – бундестагот донесе резолуција со која се дава поддршка за европската иднина на Македонија, како и признание на македонската култура, идентитет и јазик.

Никола Цветкоски