Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Правото на глас на иселениците и Изборниот законик не смеат да бидат жртви на дневнополитички калкулации на СДСМ, Левица и ДУИ

Јавноста во Македонија е сведок на целосна конфузија предизвикана од опозициските партии…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавноста во Македонија е сведок на целосна конфузија предизвикана од опозициските партии СДСМ, Левица и ДУИ, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Првиот ден седнуваат и се договараат за Изборниот законик, а веќе следниот ден, откако ќе преспијат, го блокираат истиот закон за кој првично постигнале договор. Во јавноста пласираат одредени тези, а зад затворени врати, всушност, преговарале и преговараат за сосема други прашања.

Наместо да учествуваат во носењето на Законот со кој ќе се зголемат демократските права за остварување на уставно загарантираното право на глас, оваа дезориентирана опозиција, сака враќање назад и намалување на правото на глас на дијаспората.

Реклама

Како ВМРО-ДПМНЕ и порачуваме на СДСМ, Левица и ДУИ, како што се договорија да го блокираат, да седнат и да се договорат што сакаат од Изборниот законик, а како владејачко мнозинство ќе прифатиме се што ќе побараат, само да се прошири и унапреди правото на глас и дијаспората да гласа по пошта или електронски.

Прво нека се договорат меѓу себе, сакаат една изборна единица, нека договорат и модел за финансирање, нека договорат и прифатлив начин за поплаките, а можат и да се договорат и да го изберат моделот за изјаснување, гласање, на дијаспората.

ВМРО-ДПМНЕ нема проблем да разговара за секое прашање што е важно за унапредување на политичкиот систем, за продолжување на реформите, за европската интеграција на државата и за интересите на сите граѓани, без разлика каде се наоѓаат.

Нашата определба е разговори и дијалог, а не блокади и сето она за што ќе се договорат овие опозициски партии и ќе го понудат до нас, ние тоа ќе го прифатиме. Демократското право на глас на македонските иселеници и Изборниот законик, воопшто, не смеат да бидат жртви на дневнополитички калкулации.

ВМРО-ДПМНЕ е подготвено веднаш да седне на маса и да разговара во интерес на државата и на сите нејзини граѓани, доколку СДСМ, Левица и ДУИ изградат единствен став и покажат искрена волја за договор.