Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Влада: Престанува мандатот на градоначалникот на Брвеница, следува постапка за нови избори

Владата донесе одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата донесе одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница, со што се отвора постапката за распишување предвремени избори за избор на нов градоначалник, согласно законските рокови и процедури.

Како што информира портпаролката на Владата, Марија Митева, Министерството ја започнало постапката по претходно добиено известување од претседателот на Советот на Општина Брвеница за настапување на законски предвидена околност што доведува до предвремен престанок на мандатот на градоначалникот по сила на закон.

– Согласно Законот за локалната самоуправа, Министерството е должно во рок од 15 дена од приемот на известувањето да ја информира Владата за настапувањето на овој законски основ, по што Владата, во рок од 30 дена, ја започнува постапката за распишување на нови избори за градоначалник – изјави Митева.

Реклама

Од Владата посочуваат дека со усвојувањето на информацијата и донесувањето на одлуката се создаваат законските предуслови за спроведување на понатамошната постапка во согласност со важечките прописи и рокови.