Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Кризната состојба во снабдувањето со нафтени деривати се продолжува за уште три…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кризната состојба во снабдувањето со нафтени деривати се продолжува за уште три месеци. Владата на денешната седница донесе одлука таа да трае до 21-ви октомври. Со ова се отвора простор Владата да преземе мерки за одржување на животниот стандард на граѓаните ако дојде до нарушувања во снабдувањето или до значителни ценовни шокови на меѓународните пазари на нафта и нафтени деривати.

Кризна состојба се прогласува за Владата да може брзо и ефикасно да реагира, со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето, да се ублажат последиците од евентуални пазарни нарушувања и да се заштитат интересите и животниот стандард на граѓаните и стопанството. По усогласување на одлуката во рамки на владините процедури истата ќе биде доставена до Собранието на разгледување и донесување, согласно законските надлежности – велат од Владата.

Веќе е извесно дека во понеделник ќе има намалување на акцизите. Тие во моментов изнесуваат 22 денари по литар за бензините и 15,5 денари по литар за дизелот. Овој потег доаѓа откако во два наврати за две седмици дизелот поскапе енормно за 8 денари по литар, а бензините за два и пол денари по литар. Премиерот Мицкоски пред неколку дена рече дека ќе почека до петок за да заврши тргувањето на берзите и да се знае точната цена на нафтата, но дека веројатно веќе се исполнети условите за помала акциза. Во моментов, нафтата од типот брент која е релевантна за пресметка на горивата во Македонија се тргува за 85 долари за барел, што е пораст од речиси 15% споредено со минатиот петок.

Реклама

Засега не се знае дали ќе има некои интервенции во цените на основните прехранбени производи. За во понеделник повторно е закажан состанок на владини претставници со газдите на маркетите. Сепак, според анализата на Државниот пазарен инспекторат цените во продавниците растеле побрзо од набавните цени на производите. Тоа значи дека дел од нив имале поголема брутопрофитна маржа, односно кога се намалиле набавните цени, тие не ги поевтиниле производите, при што трошокот паднал на грбот на крајните купувачи.