Реклама

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

Прилози

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Со обуки, размена на опрема и искуства, како и заеднички вежби, Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со обуки, размена на опрема и искуства, како и заеднички вежби, Македонија и Германија рамо до рамо ја зајакнуваат стабилноста на југоисточна Европа. Началникот на германската армија Карстен Бројер, кој е во посета на генералштабот на армијата на Македонија, ја оцени земјава како „стабилен сојузник“.

„Југоисточна Европа е од стратешко значење за европската безбедност. Стабилноста во овој регион не е споредно регионално прашање. Тоа е дел од стабилноста на Европа и на НАТО во целина. Македонија игра важна улога како стабилизирачки фактор. Делува како стабилен НАТО партнер што го зајакнува регионот, алијансата и европската безбедност и Германија многу ја цени оваа улога. Затоа нашиот дијалог и нашата соработка се важни“, изјави Карстен Бројер, началник на генералштабот на вооружените сили на Германија

Реклама

На  средбата со првиот човек на германската армија, началникот на генералштабот на АРМ, генерал-мајор Лафчиски, ја нагласи улогата на Германија во развојот на македонската армија.

„Од исклучително значење беше германската поддршка во опремување и модернизација на армијата, особено во периодот кога тоа ни беше најпотребно. Нашето партнерство се потврди и преку заедничкото учество во НАТО водените мисии во Авганистан каде што водечка нација беше Германија. Токму оваа соработка, заедно со поддршката од останатите сојузници придонесе денес македонската армија да биде модерна, професионална и високообучена“, изјави Сашко Лафчиски, началник на Генералштабот на Армијата на Македонија

Ова е вториот ден од посетата на началникот Бројер кој дојде заедно со висока германска воена делегација. Припадници на армиите на Македонија и Германија заедно учествуваа на мировни мисии низ Балканот ,како  „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина,  „КФОР“ во Косово, а беа дел и од мисиите во Авганистан – „ИСАФ“ и „Одлучна поддршка“. Ова е само дел од низа активности поврзани со армијата кои се одржаа периодов. На крајот од минатиот месец во Македонија престојуваше и  командантот на НАТО за Европа Алексус Гринкевич.