Реклама

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

Свет

Бајден и Зеленски разговараа за обуката на украинските пилоти на авионите Ф-16

Во октомври, САД ќе ја почнат летачката обука на украинските пилоти на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во октомври, САД ќе ја почнат летачката обука на украинските пилоти на борбените авиони Ф-16,соопшти Пентагон.

Бригадниот генерал и портпарол на Пентагон, Пет Рајдер, изјави дека обуката ќе почне откако украинските пилоти во септември ќе завршат курс по англиски јазик, што ќе се одржи во Аризона, пренесуваат британските медиуми.

За почетокот на обуката на украинските пилоти за летање со борбени авиони Ф-16 ноќеска разговарале и американскиот претседател Џо Бајден и неговиот украински колега Володимир Зеленски, соопшти Белата куќа, пренесуваат британските меидуми.

Реклама

Бајден и Зеленски разговараа и за забрзано одобрување од други земји за префрлање на  нивните борбени авиони Ф-16 во Украина, додаде Белата куќа.

На крајот на минатата недела, Данска и Холандија ветија дека ќе ѝ донираат авиони Ф-16 на Украина, а денеска истото го направи и норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе.

Данска почна со обуката на осум украински пилоти за летање со Ф-16.

Украина постојано ги повика своите западни сојузници да ги достават авионите Ф-16, за кои украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека ќе сигнализира дека руската инвазија ќе заврши со пораз.

Претходно, неименуван американски официјален претставник изјави дека САД одобриле испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина од Данска и Холандија веднаш штом заврши обуката на пилоти.