Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Ахмети главен во власта: ДУИ со само 13 пратеници ги води сите клучни ресори во Македонија, за Ковачевски се е во ред

Со само 13 пратеници, 11,48 проценти од гласовите и точно 104.699 гласови,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со само 13 пратеници, 11,48 проценти од гласовите и точно 104.699 гласови, ДУИ е партијата која што ги има сите клучни ресори и ги држи сите конци во државата. СДСМ, иако со тројно повеќе гласови и тројно повеќе пратеници, сепак наликува на помал коалиционен партнер. Иако можеби на број имаат помалку министри од социјалдемократите, во рацете на интегративците се клучните ресори. Во период на повеќе и тешки преговори со Бугарија, министер за надворешни работи е Бујар Османи.

Во ек на економска криза со финансиите раководи Фатмир Битиќи, а со економија Крешник Бектеши. За ДУИ беше дури и измислена нова позиција во Владата, прв вицепремиер, функција која ја доби Артан Груби. Според премиерот Димитар Ковачевски тука немало ништо спорно, за него била важна способноста на министрите, а потенцира дека и неговата партија имала важни ресори, а спомена само еден.

-Не ви се сложил со вас дека нема и други значајни министерства, на пример ќе го истакнам тука Министерството за труд и социјална политика, ако погледнете што се министерката Тренчевска, не навлегувајќи во нејзината национална или верска припадност што би кажале вие како независен и слободарски медиум, таа работеше на тешки и долги преговори заедно со вицепремиерот за економски прашања, во чија припадност исто така што вие би рекле не ви навлегувал, изјави Ковачевски.

Реклама

Премиерот реши да навлегува и во дел од ресорите раководени од кадрите на ДУИ, па оцени дека Бесими бил многу способен, па поради тоа бил министер за финансии на предлог на интегративците.

Министерството на Бектеши пак немало да биде толку експонирано и важно, ако сме немале економска криза, па тој да морал да ги подготвува антикризните пакети.

-Вие кажувате дека има други значајни министерства точно и Министерството за економија е значајно министерство. Не би рекол дека во време на ако нема криза дека тоа министерство толку би било изложено на јавноста и би имало толку многу предизвици како што имаше Министерството за еконмија во мандатот на министерот Бектеши, изјави Ковачевски.

Според договорот постигнат меѓу Заев и Ахмети пред три години, последните 100 дена овој владин состав ќе биде предводен од премиер предложен од ДУИ, а можно е и претседател на државата да биде од оваа партија. При евентуален неуспех на претседателските избори, поради високиот цензус од 40 проценти во вториот круг, претседател на Македонија би станал Талат Џафери.

Матеја Петровски