Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите

Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) денеска во Битола го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) денеска во Битола го презентираше стручниот извештај од проектот CARBONICA, изработен од проф. д-р Миле Маркоски од Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје.

Во рамки на проектот беа анализирани 47 почвени примероци од 33 земјоделски парцели, со цел да се добијат релевантни податоци за состојбата на органската материја и потенцијалот за складирање јаглерод. Овие податоци се клучни за унапредување на одржливото земјоделско производство и за мерки за адаптација и ублажување на климатските промени. Извештајот ги сумира резултатите од анализите на содржината на органска материја хумус и органски јаглерод во земјоделските почви во повеќе региони во земјата. Испитувањата беа изведени во Акредитираната лабораторија за анализа на почва и ѓубрива при Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје.

Во изјава за медиумите, директорот на АПРЗ, Пеце Стојковски, истакна дека проектот CARBONICA е значаен чекор кон воведување на современи, научно засновани практики во македонското земјоделство.

Реклама

-АПРЗ останува силен и посветен партнер на земјоделците во примената на практики кои ја подобруваат плодноста на почвите, ги зголемуваат приносите и го зачувуваат природното богатство. Резултатите од CARBONICA ни даваат конкретни препораки кои ќе им помогнат на земјоделците да ја зголемат продуктивноста и одржливоста на своите стопанства. Нашата цел е секој земјоделец да има пристап до стручна поддршка и препораки кои ќе придонесат за поконкурентно и поодржливо производство, нагласи Стојковски.

Според универзитетскиот професор Миле Маркоски, анализите покажале дека кај дел од парцелите постои добар потенцијал за складирање јаглерод, а кај други потребни се дополнителни мерки.

-Органската материја и органскиот јаглерод директно влијаат врз плодноста, водниот режим, микробиолошката активност и долгорочната продуктивност на земјоделските површини. Анализите покажуваат дека кај дел од парцелите постои добар потенцијал за складирање јаглерод, додека кај други се неопходни мерки како органско ѓубрење, минимална обработка на почвата и одржување на растителни остатоци, со цел постепено да се подобри нивната плодност и отпорност, посочи Маркоски.

Клучните наоди и препораки од експертите беа презентирани и пред активни земјоделци од пелагонискиот регион, а се насочени кон постепено подобрување на плодноста и отпорноста на почвите преку прилагодени агроеколошки практики.

Од АПРЗ информираа дека активностите поврзани со проектот ќе продолжат, вклучувајќи проширување на анализите, советодавна поддршка за земјоделците и промоција на практики кои придонесуваат за подобар квалитет на почвата и поодржливо управување со земјоделското земјиште.