Ако утре се одржат избори, мнозинството од граѓаните би гласале за ВМРО – ДМНЕ , а најголем дел му веруваат на претседателот на опозицијата Христијан Мицкоски . Резултатите од анкетата спроведена од Центарот за политички истражувања и комуникации покажуваат дека граѓаните немаат доверба во човекот кој моментално ја води Владата, Димитар Ковачевски , a дури 45 % сметаат дека државата се движи во погрешна насока.
Според анкетата , на граѓаните не им се допаѓаат ниту политиките на владејачката коалиција. . За СДСМ само 9 % имаат позитивно мислење , а за ДУИ пак само 3 отсто, додека 29 процети имаат негативно мислење имаат за ДУИ .
Довербата измерена во бројки вели дека 19,2 отсто му веруваат на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ , а на Ковачевгски 10,6 % . Али Ахмети ја има довербата на 4,7% од испитаниците а пак за Арбен Таравари и Билал Касами бројките се исти односно нив им веруваат 3,45% од испитаниците. Анкетата покажа дека дури 45 проценти од испитаниците имаат негативно мислење за првиот заменик на Ковачевски . Артан Груби според бројките не е миленик ниту кај Албанците ниту кај Македонците , 39 % од испитаните Албанци се со негативно мислење на за Груби а за 4 % повеќе го делат мислењето и Македонците.

Анкетата покажа дека речиси 50 проценти од испитаниците немаат доверба во државните институции , а само 9 % веруваат во работата на буџетарите. 39 % од испитаниците Македонци немаат доверба, а процентот на недоверба коон институциите на системот кај нивните сонародници Албанци е поголем за 11 %.
Истражувањето беше спроведено на ниво на цела држава по метод лице в лице . во период од 18 до 30 септември 2023 година.
Кристина Алексиеска
