Реклама

Новиот клинички комплекс во Штип е еден од најголемите приоритети на Владата

Гостиварци ќе мора да се стрпат: Водата сè уште не е за пиење од чешма

Осомничениот Марковски „не ја киднал“: Адвокатот тврди дека морал да отпатува службено и дека брзо ќе се врати

Цандо „исчезна“: Го снема морбидниот профил близок до СДСМ и Филипче кој посака смрт за вработени во Алфа

Протоколите со Бугарија не се дел од рамката со ЕУ, но СДСМ и ДУИ ги пикнаа низ споредна врата

Европа во пламен, пожари беснат на сите страни – Македонија засега куртули, но допрва влегуваме во топлотен бран

Капитални инвестиции од 150 милиони денари во Делчево

Мицевски: Додека Филипче бил министер за здравство се криело дека водата била неисправна во повеќе места

Град Скопје со субвенции ќе ги помага старите занаети за да се пренесат на младите генерации

Царината станува дигитална – граничните терминали ќе бидат целосно автоматизирани

Македонија е подготвена да направи сè што ќе побара ЕУ, но нема слепо да потпишува бели листови

Ботови на СДСМ повикуваат на ликвидација на новинари на Алфа- дали Филипче го мотивираше членството да посакува смрт на неистомисленици?!

Прилози

Андоновски: преку дигитализацијата на услугите ги забрзуваме постапките и ги намалуваме трошоците за компаниите

Поедноставно добивање сертификати за вино и земјоделски производи. Поттикнувње и поддржување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поедноставно добивање сертификати за вино и земјоделски производи. Поттикнувње и поддржување на стопанството ќе овозможат двете нови дигитални алатки на Државниот инспекторат за земјоделство. Станува збор за услугите „Уверение за квалитет – сертификат за земјоделски производи, преработки и стоки“ и „Уверение за квалитет В1 – сертификат за извоз на вино“. Услугите се веќе достапни  на  Националниот портал за услуги.  Со нив  ќе се  намалат трошоците на компаниите,  а ќе се зголеми производството.

-Сектори што создваат домашна вредност, обезбедуваат работни места и ја претставуваат Македонија на најдобар можен начин на странските пазари. За една компанија времето потребно за добивање на еден документ не е само административно прашање тоа е дел од трошокот за работење, од брзината на производството и од нејзината конкурентностистакна Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски

Новите услуги се наменети за земјоделските производители, преработувачите, винарниците и извозниците. Сертификатите, покрај во хартиена форма, ќе се добиваат и електронски, со иста правна важност, што ќе го елиминра  личното подигнување на документите и ќе ја поедностави целата постапка.

Реклама

-Дополнително целосно е дигитализирана и постапката за плаќање на администаративниите такси. Наместо досегашното уплаќање со хартиени уплатници, плаќањето ќе се врши електронски истакна директорот на Државниот инспекторат Ивица Анѓеловски.

 Андоновски додава дека продолжуваат да градат дигитална држава која штеди време, ги намалува трошоците и создава подобри услови за работа, развој и економски напредок. Во наредниот период, новите услуги ќе бидат презентирани и пред бизнис-заедницата во соработка со Стопанската комора на Македонија.