Реклама

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Македонија

Алфа дознава: Предистрагата за Онкологија нема да заврши следните четири месеци

Што истражува јавното обвинителството за скандалот на онкологија? Речиси два месеци има…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Што истражува јавното обвинителството за скандалот на онкологија? Речиси два месеци има предистрага, но детали не се соопштуваат. Неофицијално, од извори во обвинителството дознаваме дека предистражната постапка ќе трае уште четири месеци. Зошто е потребно уште толку време, објаснување нема.  Во меѓувреме, сите очи на јавноста се вперени кон собраниската Анкетна Комисија преку сведечоењето на екс министри, функционери и од јавниот обвинител. Граѓаните очекуваат расветлување на случајот и конкретни виновници, ама се плашат дека надлежните органи нема да им пресудат на најодговорните.

Онколошките пациенти продолжуваат со протести секојдневно пред ЈО. И нема да престанат се додека случајот не добие разврска.

Од ОЈО за Алфа велат дека предистрагата трае и нема ништо ново околу постапката.

Реклама

“Јавното обвинителство го разбира интересот на јавноста за овој предмет и во оној момент кога ќе се стекнат објективни услови без да се наруши текот на постапката, соодветно ќе информира за сите резултати од преземените дејствија” – велат од ОЈО за Алфа.

Притисок за да има поскоро разрешница прави и Анкетната комисија. Пратеникот Петар Ристески вели дека јавниот обвинител и МВР не треба да помислат да застанат во одбрана на грозоморното случување во клиниката за Онкологија.

“Обвинителството ги има сите информации. Јавниот обвинител во овој момент, и во целокупната негова работа генерално претставува ангел чувар на оние кои што го кршат законот, на луѓето кои практикуваат криминал и корупција. И за тоа сме дојдени до оваа ситуација до каде што сме дојдени” вели пратеникот Петар Ристески.

За следната седница на Анкетната Комисија треба да сведочат претставници од Министерството за здравство.