Реклама

Новиот клинички комплекс во Штип е еден од најголемите приоритети на Владата

Гостиварци ќе мора да се стрпат: Водата сè уште не е за пиење од чешма

Осомничениот Марковски „не ја киднал“: Адвокатот тврди дека морал да отпатува службено и дека брзо ќе се врати

Цандо „исчезна“: Го снема морбидниот профил близок до СДСМ и Филипче кој посака смрт за вработени во Алфа

Протоколите со Бугарија не се дел од рамката со ЕУ, но СДСМ и ДУИ ги пикнаа низ споредна врата

Европа во пламен, пожари беснат на сите страни – Македонија засега куртули, но допрва влегуваме во топлотен бран

Капитални инвестиции од 150 милиони денари во Делчево

Мицевски: Додека Филипче бил министер за здравство се криело дека водата била неисправна во повеќе места

Град Скопје со субвенции ќе ги помага старите занаети за да се пренесат на младите генерации

Царината станува дигитална – граничните терминали ќе бидат целосно автоматизирани

Македонија е подготвена да направи сè што ќе побара ЕУ, но нема слепо да потпишува бели листови

Ботови на СДСМ повикуваат на ликвидација на новинари на Алфа- дали Филипче го мотивираше членството да посакува смрт на неистомисленици?!

Македонија

АДПФ: Средствата од вториот пензиски столб се личен имот на осигурениците, национализацијата не е решение на долг рок

Средствата во вториот пензиски столб се личен имот на осигурениците загарантирани со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Средствата во вториот пензиски столб се личен имот на осигурениците загарантирани со закон и Устав. Национализација на овие средства можно е државата да направи, но ефектите од тоа се краткорочни, а на долг рок не се решава проблемот, велат од Асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови (АДПФ).

– Во оваа земја имало национализација, па денационализација така што историски гледано, возможно е, но тоа зависи од сите нас, од тоа како ние ќе ја штитиме својата сопственост, велат од АДПФ.

Таков обид имало и во Хрватска, но под притисок на јавноста е повлечен. Анализите на АДПФ покажуваат дека доколку се национализираат средствата, тоа нема да обезбеди долгорочна стабилност на пензискиот фонд. Проблемот би се решил краткорочно за една ипол до три години, а пробемот и понатаму би останал нерешен. 

Реклама

– Анализите што ние ги направивме е доколку се национализираат средствата, тоа нема да обезбеди долгорочна стабилност на пензискиот фонд. Околу 65 отсто од средствата се во обврзници, тоа значи дека се ликвидни 35 проценти и ако се продаваат одеднаш, тоа ќе влијае врз цената, но ако оптимално се постигне нивната вредност, тоа ќе го покрие буџетскиот дефицит за година и пол, за помалку од две години. Ако и обврзниците ги претвориме во средства, тоа буџетскиот дефицит ќе го намали за три години, велат од АДПФ.

Оттаму посочуваат дека пензискиот систем што веќе е востановен кај нас бил многу скап на почетокот, но дека веќе таа фаза ја имаме надминато. Она што би требало да се направи, според АДПФ, е да се размислува во насока на закоснки решенија за мултифондови, нешто од што бенефит би имале идните пензионери, а вакви искуства веќе има во Хрватска и во Бугарија. 

Во моментот во вториот пензиски стол има 637 илјади осигуреници, а бенефитити од овој столб веќе ги користат 150 пензионери. 

– Според последните податоци на МАПАС, заклучно со 30 јуни 2026 година, во задолжителните пензиски фондови членуваат 637.977 осигуреници. Истовремено, бројот на лица кои веќе користат пензија од вториот пензиски столб изнесува 146, што е очекувано ако се има предвид дека системот функционира од 2006 година и постепено созрева. Просечниот принос што го остваруваат задолжителните пензиски фондови изнесува повеќе од 5,5% годишно. Овој резултат е споредлив со приносите што ги остваруваат пензиските фондови во повеќе европски држави со сличен начин на инвестирање- посочуваат од АДПФ.

Претседателот на АДПФ Маријан Николовски вели дека размислувањата на пензиските друштва е како да се оптимизира системот, а не да се враќаат назад. 

– Од воспоставувањето на реформскиот систем во 2005 година, ние денес се уште се соочуваме со демографските предизвици поради кои и беше воспоставена реформата, а тоа е дека има недоволен број на осигуреници кои плаќаат средства за да можат тековно да се исплаќаат пензиите на тековните пензионери. Сега соодносот меѓу вработените и пензионерите е 1,6, или 1,7 вработен на пензионер. Сведоци сме дека животниот век се зголемува, а напред оди и животниот стандард. Ние размислуваме како да го оптимизираме функционирањето на вториот столб, а не да се враќаме назад, вели Николовски.