Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

🎥 Петрушевски: Институциите работат со сите сили да ги стават пожарите под контрола, и во тоа успеваат, а СДСМ се сити и фаќа политички поени

Институциите работат со сите сили да ги стават пожарите под контрола, и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Институциите работат со сите сили да ги стават пожарите под контрола, и во тоа успеваат, а СДСМ се сити и фаќа политички поени, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

“СДСМ и Филипче го критикуваат претседателот Мицкоски за несправување со пожарите, а градоначалник од нивните редови во Крива Паланка јавно се заблагодарува за успешната и брза реакција на надлежните институции.

Сепак, СДСМ и Филипче не бираат зборови за критика кога е во прашање работата на надлежните институции за борбата против пожарите. Иако за голем дел од пожарите има и осомничени кои намерно направиле пожари, СДСМ и Филипче се ситат на маката на народот“, потенцира во изјавата.

Реклама

Петрушевски рече дека и оваа критика, која не е аргументирана која ја говорат колку да им помине дневно-политичката порака, се урна како кула од карти, кога градоначалникот на Крива Паланка, јавно се заблагодари на претседателот Мицкоски за успешното гасење на пожарот во Лозаново.

„Сега кој е во право, СДСМ и Филипче кои само критикуваат, или пак градоначалникот на Крива Паланка кој бил таму на терен и заедно со надлежните институции го ставиле пожарот под контрола, за кој Сашко Митовски, сам јавно на социјалните мрежи му се заблагодари на претседателот Мицкоски.

Ова е јасен показател дека во СДСМ владее паника и хаос во пресрет на локалните избори, знаејќи дека ќе имаат историски најлош резултат, па со сите механизми напаѓаат кон власта.

Во овој момент, има активни 7 пожари, а останатите се или изгасени или под контрола“, нотира во изјавата.

За разлика од минатите 7 години власт на СДСМ, сега веднаш се реагира на терен. Не се оди по плажи и хотели во Грција додека Македонија гори, туку се работи и менаџира, изјави Петрушевски.