Реклама

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

Македонија

🎥 Мицкоски за преговорите со ЗНАМ: Разговорите се движат во позитивна насока, конечната одлука по 15 август

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека разговорите со владиниот партнер ЗНАМ за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека разговорите со владиниот партнер ЗНАМ за кандидати за градоначалници за Куманово и Општина Центар се движат во позитивна насока, но дека конечната одлука ќе биде донесена по 15 август.

– Преговараме со ЗНАМ во моментов за две општини – Куманово и Општина Центар да имаме заеднички кандидат. Разговорите се водат во позитивна насока, но повеќе информации ќе имаме по 15 август како што претходно кажав во една прилика затоа што сеуште траат анализите во општините каде имаме добри кандидати. Мораме после 15-20 август уште еднаш да измериме и во рамки на граѓаните и во рамки на партиската база за да дојдеме до најдоброто решение што ќе го понудиме, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на затворениот базен во училиштето „Невена Георгиева-Дуња“ во Кисела Вода.

За преговорите со другиот владин партнер ВРЕДИ, како што изјави, имаат принципиелен договор да се поддржуваат во општините каде едната или другата коалиција ќе има кандидат.