Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Економија

Јавниот долг 59,6 проценти од БДП, за министерката Димитриеска Кочоска тоа е показател за стабилни јавни финансии и фискална консолидација

Јавниот долг на државава заклучно со 31 декември 2025 година изнесува 59,6…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавниот долг на државава заклучно со 31 декември 2025 година изнесува 59,6 проценти од Бруто домашниот производ (БДП), објави денеска Министерството за финансии.

Според ресорната министерка Гордана Димитриеска Кочоска, овој износ на јавниот долг е јасен и силен показател за заложбите за стабилни јавни финансии  и фискална консолидација, а воедно значи и почитување на Мастришките критериуми, според кои јавниот долг треба да биде под 60 проценти од БДП.

– Морам да бидам искрена и да кажам дека нашите проекции согласно Стратегијата за управување со јавниот долг, иако Министерството за финансии напорно работеше, беа дека тој ќе се движи нешто над 60 проценти. Но, еве уште еднаш можеме да покажеме и докажеме дека навистина со посветена работа, внимателно планирање и строга контрола на секој поединечен расход, притоа внимавајќи на секој еден расход, не само на централната влада, туку во исто време како се трошат кредитите  кои треба да ги повлекуват  јавните претпријатија и акционерските друштва, се покажа дека навистина може да постигнеме и побрзо резултати од она што сме го очекувале,  изјави Димитриеска Кочоска. 

Реклама

Министерката за финансии појасни дека пониското ниво на јавниот долг во однос на очекувањата се должи, пред сè, на внимателното трошење на расходната страна во рамки на централниот буџет, но и на контролираното и фазно повлекување на кредитните средства од страна на јавните претпријатија. Во тој процес, посочи дека значајна улога имаат Секторот за буџети во Министерството за финансии, кој континуирано ги следи финансиските состојби и извештаи на овие друштва, како и Секторот за меѓународни финансии, преку кој се реализира повлекувањето на средствата.

Прашана за очекувањата за движењето на јавниот долг до крајот на годината министерката рече дека  не очекува износ од над 60 проценти, но оти ќе се види каква ќе биде годината што  во голема мера зависи од реализацијата на приходите.  – За оваа година планиравме и проектиравме реални даночни приходи, а моите очекувања се дека може да има и одредено надминување, особено имајќи предвид дека треба да започне со целосна примена системот Е-фактура, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Според податоците од Министерството за финансии, јавниот долг на крајот на 2025 година изнесува 10,064.1 милиони евра, при што надворешниот јавен долг изнесува 4,493.9 милиони евра, а внатрешниот јавен долг 4,570.2 милиони евра.  Државниот  долг заклучно со крајот на 2025 година изнесува  538,253.1 милиони евра односно 51,8 проценти и бележи намалување во однос на претходната година за 1,2 п.п.