Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Јавна расправа за работната верзија на Предлог законот за високи раководители во органите на државната управа и фондовите

Јавна расправа по работната верзија на Предлог законот за високи раководители во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавна расправа по работната верзија на Предлог законот за високи раководители во органите на државната управа и фондовите ќе одржи денеска во Собранието Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Целта на законот е создавање професионална, департизирана и ефикасна јавна администрација, во која напредувањето ќе се темели исклучиво на знаење, искуство и резултати. 

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев за Предлог-законот за висока раководна служба неодамна изјави дека станува збор за суштинска и долгоочекувана реформска мерка која воведува јасни правила, професионализам и одговорност во јавниот сектор.
 
– Овој закон е на реформската агенда на државата повеќе од седум години. Првпат се нуди јасно и применливо решение кое ги опфаќа раководните и извршните функции во околу 100 институции и воспоставува транспарентни критериуми и постапки за избор, истакна Минчев.

Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со укинувањето на „балансерот“ од страна на Уставниот суд, порача дека Министерството не нав 
Предлог-законот е изработен од интерресорска работна група, предводена од Министерството за јавна администрација, со учество на Генералниот секретаријат, Кабинетот на претседателот на Владата и Министерството за финансии.
 
– Законот се однесува исклучиво на директорите, заменик-директорите, членовите на управните одбори и државните секретари, кои се двигатели на институционалната стабилност и континуитетот во работата на институциите. Клучните новини се содржани во три пункта: воведување мерит-систем со постапка и јасни критериуми за избор, рационализација на управните одбори и строга регулација  функцијата вршител на должноста (в.д.), рече министерот Минчев.
 
Со ова законско решение бројот на членови во управните одбори ќе биде ограничен на максимум три, со што, како што кажа, се прават значителни заштеди во државниот буџет и се прекинува досегашната пракса на нефункционални и преобемни управни тела, а ќе се стави крај и на злоупотребата на в.д. функциите, кои со години се користеле како механизам за заобиколување на системските решенија.