Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

„Јасен“ доби современа противпожарна опрема со поддршка од Европската Унија

Заменик-претседателот на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски, министерот за локална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-претседателот на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, и директорот на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“, Ангеле Сотировски, денеска присуствуваа на настан организиран по повод испораката на современа противпожарна опрема за „Јасен“, обезбедена во рамките на прекуграничниот проект „Превенција и управување со шумски пожари во прекуграничната област како средство за адаптација кон климатските промени (WILD-A)“.

Како што посочи заменик-претседателот на Владата, Димовски, испорачаната опрема претставува значаен резултат од проектот што се имплементира во рамките на програмата за прекугранична соработка „Грција – Македонија 2021 – 2027“, финансирана од Европската Унија. Димовски истакна дека проектот е насочен кон превенција од шумски пожари и заштита на биодиверзитетот во две високоризични подрачја – приградската борова шума во Едеса, Република Грција, и повеќенаменската природна заштитена област „Јасен“ во Македонија.

– Во рамките на проектот за потребите на „Јасен“ обезбедени се противпожарно возило со голем капацитет за вода, две теренски возила со интегрирани противпожарни пумпи и резервоари за вода, оптички систем за надзор со долг дострел, како и багер со лопата за интервенции во мала инфраструктура за заштита од пожари. Дополнително, предвидена е и набавка на лична заштитна и професионална противпожарна опрема за шумските пожарникари – рече Димовски.

Реклама

Проектот се спроведува во рамките на првиот повик од ИПА III-програмата за прекугранична соработка со Република Грција како соработка меѓу четири организации од двете земји, при што партнери од македонска страна се ЈПУЗПП „Јасен“ и Балканската фондација за одржлив развој. Вкупниот буџет за македонските партнери изнесува 458.370 евра, од кои 91.674 евра се обезбедени како национално кофинансирање од Министерството за локална самоуправа.

– Пожарите, особено во летниот период, кои оставаат пустош зад себе, како што сведочевме и минатата година во „Јасен“, предизвикуваат големи еколошки и економски штети. Нашата обврска е навремено да инвестираме во превенција и подготвеност за ваквите штети да ги спречиме, а не само да ги санираме – посочи министерот за локална самоуправа, Перински.

Во рамките на проектот се предвидува и примена на техничко решение, систем за рана детекција и гаснење пожари од страна на регионалните власти, со можност за понатамошно реплицирање во други високоризични подрачја, како и активности за научна експертиза, истражувања и поддршка на кампањи за подигање на јавната свест. 

– Со заедничка соработка, знаење, технологија и посветеност, ние не само што ги намалуваме ризиците од шумски пожари туку ги поттикнуваме интеграцијата, одговорноста и активното учество на локалната заедница – истакна директорот на „Јасен“, Сотировски.

Вкупниот одобрен буџет на ЈП „Јасен“ како партнер во проектот изнесува 338.370 евра, од кои 298.290 евра се наменети за набавка на опрема.