Реклама

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонија

Јаневска: За две години зголемени се средствата за научно-истражувачка работа

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека во изминатите две…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека во изминатите две години значително се зголемени средствата за научно-истражувачка работа, наменети за научниците и професорите на универзитетите и научните институти.

Говорејќи на јавната дебата за новиот Закон за високо образование на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Јаневска посочи дека во 2022 година буџетот изнесувал 2,9 милијарди денари, додека во 2026 година достигнал 7,7 милијарди денари. Таа изрази надеж дека со ваквата динамика постепено ќе се достигнат европските стандарди во финансирањето на науката. Но, како што вели, не секоја научна област има потреба за еднакви средства за научна-истражувачка работа. 

-На пример во општествените науки, тоа не велиме ние како Министерство или работна група, тоа светот го признал потребни се помалку средства, отколку да речеме во земјоделието, во медицината, во машинството и во инфорамтичкиот сектор исто така треба малку повеќе пари. Навистина има области во кои е потребно малку повеќе да се инвестира. Министерството направи една анализа, која покажува дека 11.000 евра годишно добива секој член на академската заедница, пари за наука. Тоа не се огромни пари, тоа не е нешто со што ние можеме да се фалиме. Но, тоа е силен напредок во однос на минатото, каде што тие средства биле сведени на минимум- изјави Јаневска. 

Реклама

Таа додаде дека државата инвестира во обновување на лабаратории, а лани се поддржани 45 научно-истражувачки проекти, по 125.000 евра, а какошто рече Јаневска со овие средства можат да се обноват лабаратории, да се купи апаратура и да се плати интелектуалната работа на научниците.

Министерката Јаневска потенцираше дека доколку продолжи ваквата финансиска поддршка и во наредните години, ќе се постигне саканиот ефект, притоа водејќи сметка за Бруто домашен производ, бидејќи, како што рече, „ние сме држава во развој, но силно се обидуваме да постигнеме, она што е неопходно“.