Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Јаневска на дебата во МАНУ: За поквалитетно високо образование и раздвижување на науката, потребни се зајакнати критериуми за напредувања во звања

Она што најмногу се коментира за предлог-законот за високо образование се условите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Она што најмногу се коментира за предлог-законот за високо образование се условите за напредување во звања. Ако направиме споредба, не се високи како во други европски земји. Но, мора да ги поткренеме затоа што, по укинувањето со законот од 2018 година, квалитетот на високото образование драстично опадна и тоа мора да го промениме. Го разбирам стравот на академската заедница, разбирам дека од една фаза треба да поминеме во друга, но критериумите што ги предлагаме се достижни.

Ова го потенцира министерката за образование и наука Весна Јаневска на дебатата во МАНУ посветена на новиот предлог-закон за високо образование.

– Улогата на високото образование е да создава јавно добро, да создаде интелигенција, која понатаму ќе ја развива државата. Да создава стручни, компетентни, но и емпатични и морални личности, кои во иднина ќе обезбедат општествен просперитет. Од друга страна, државата ги финансира високообразовните установи и оттука треба да бара отчетност за трошењето на средствата и одговорност за постигнатите резултати – истакна Јаневска.

Реклама

Законот, како што потенцира министерката, нуди меритократија, интернационализација и мотивација за соработка, која недостига кај академскиот кадар, вклучително и научноистражувачка работа, која е неделива од образовната. Таа смета дека предлог-законот има можност за доработка, односно некои одредби ќе се променат по сугестиите на академската заедница.

Според неа, треба да се довршат сите јавни расправи и потоа, кога сè што треба ќе биде коригирано, законот повторно ќе биде објавен на ЕНЕР неколку дена по што ќе влезе во владина процедура. Јаневска информира и дека во текот на вчерашниот ден е објавен и предлог-законот за научноистражувачка дејност.

Членовите на МАНУ се согласни дека се потребни промени во високото образование напоменувајќи дека сите забелешки што ги имаат за законот неделава ќе бидат доставени до Министерството за образование и наука.