Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Јакупоски и Улусој разговарале за унапредување на соработката во повеќе области

Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше Онер Јакупоски и турскиот амбасадор во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше Онер Јакупоски и турскиот амбасадор во нашата земја Фатих Улусој, на средбата во Ростуше, седиште на општината, разговарале за унапредување на соработката во повеќе области. 
 
-На средбата, која помина во пријателска атмосфера, беше потврдено традиционалното пријателство помеѓу двете страни, но и изразена силна подготвеност за подигнување на соработката на повисоко ниво, информираше Фикрет Ибраими, одговорен во секторот за односи со јавноста во општината. 
 
Според него, главниот фокус на разговорите бил ставен на неколку клучни столбови за развој на овој регионот. 
 
– Во секторот туризам стана збор за промоција на природните убавини на Маврово и Ростуше и привлекување на турски туристи и инвеститори. Во однос на образованието беше нагласена  поддршка за образовните установи и можности за нови размени и проекти, рече Ибраими. 
 
Посочи дека разговарано било за  размена на искуства и поддршка во модернизација на локалната инфраструктура, проекти за посовремена општина, како и нови економски можности и партнерства со потенцијални турски инвеститори во општината. 
 
Градоначалникот Јакупоски му се заблагодарил на амбасадорот Улусој за досегашната поддршка од Република Турција, истакнувајќи дека оваа посета е јасен сигнал за заедничката посветеност кон подобра иднина за сите граѓани на општината.