Реклама

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Прилози

Ја задавил поранешната сопруга, па глумел дека сонот го одвел до телото – Нови детали за грозоморното убиство во Таор

Ја задавил поранешната сопруга, ја однел во шума, ја покрил со гранки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ја задавил поранешната сопруга, ја однел во шума, ја покрил со гранки и листови, па ја пријавил за исчезната. Потоа на сон му се јавила и му кажала каде да ја бара.  Ја пронашол и веднаш ја известил полицијата. Ова се новите детали за грозоморното убиство на 48 годишната жена во Таор.

Осмничениот со автомобил ја зел жената од нејзиното работно место, ја однел во шума во Летевци каде што ја нападнал и и го одзел животот. Со едната рака ја давел додека со другата истовремено и ги притискал носот и устата. Жената и покрај сите напори да се одбрани се задушила.

На 27 јуни, на тројца познаници им кажал дека знае каде се наоѓа жената, бидејќи му се појавила во сон и му кажала каде да оди за да ја спаси. Сите со возило се упатиле кон локацијата каде го забележале телото на жената и пријавиле во полиција.“- пишува во соопштението на ОЈО.

Реклама

Од МВР соопштија дека телото било пронајдено во фаза на распаѓање, а по извршената обдукција потврдено е дека станува збор за убиство. Од Обвинителството дополнително посочуваат дека јавниот обвинител оценил дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и поради тоа на осомничениот му е определена мерка притвор.

Прифатен предлогот и определна мерка притвор од 30 дена против С.Г., осомничен за кривично дело Убиство чл. 123 ст.2 т.3 ( при семејно насилство ). Предлогот е прифатен заради постоење на основите од точка 1,2 и 3 односно опасност од бегство, влијание врз сведоци и сторување ново кривично дело.“- велат од Основен кривичен суд Скопје.

Инаку уште во петокот 50 годишниот маж ја пријавил жена му за исчезната, а веднаш утредента пријавил дека ја пронашол починатата во тешко пристапна шума. По полниќ, во неделата, полициски службеници пошле на пријавената локација и го нашле телото на починатата.