Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Јаневска: Затекнавме катаклизма, со реформи го подигнуваме квалитетот на образованието

Образованието и науката се столб на развојот, а во изминатите две години…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Образованието и науката се столб на развојот, а во изминатите две години се преземени низа реформи за подобрување на квалитетот на наставата и поддршка на учениците и студентите. Ова го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на отчетот за сработеното во првите две години од мандатот. Како дел од реформите е обезбедена поголема поддршка за талентираните ученици, унапредено е стручното образование со вклучени околу 1.000 компании, а воведено е и кариерно советување во основните и средните училишта.

„Во основното и во средното образование воведовме кариерно советување, односно насочување на учениците, што им го олеснува изборот на понатамошниот личен развоен пат. Ова се еден дел од целите од реформската агенда кои успешно ги исполнивме, за што Министерството треба да добие средства од ЕУ во висина од 19 милиони евра.“, изјави Весна Јаневска.

Воведени се нови категории и поголем број стипендии, како и олеснети услови за нивно добивање. Започната е обнова на образовната инфраструктура, во која се инвестирани околу 70 милиони евра за повеќе од 90 проекти, како реконструираните студентски домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“, кои повторно ќе ги отворат вратите од октомври.

Реклама

„Овозможивме образование во хибриден формат за учениците кои се на подолго болничко или домашно лекување – решено барање по цели 15 години. Ја зголемивме поддршката на воспитно-образовниот процес на помалите заедници, како ромската заедница, преку зголемување на бројот на образовни медијатори во основното и средното образование.“, изјави Весна Јаневска.

Буџетот за високото образование и науката е значително зголемен, а во 2025 година се издвоени над 370 милиони денари за научноистражувачки проекти. Јаневска нагласи дека платите на наставниците во првите две години се зголемени за 20 проценти, а предвиден е раст и до 60 проценти во наредните четири години.