Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Ѓорѓиевски: Официјално отворена првата Инфо-канцеларија на „Скопје 2028“

Официјално е отворена првата Инфо-канцеларија на „Скопје 2028“, соопшти вечерва скопскиот градоначалник…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Официјално е отворена првата Инфо-канцеларија на „Скопје 2028“, соопшти вечерва скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница.

– Вечерва, во Музејот на град Скопје, во присуство на гости од Европа, го направивме првиот чекор кон уште поотворена, подостапна и поинклузивна комуникација со граѓаните. Оваа Инфо-канцеларија е нов простор каде граѓаните ќе можат одблиску да се информираат за процесот, активностите и визијата поврзани со Скопје како Европска престолнина на културата во 2028 година – напиша Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека ова е само почеток. Во следниот период, како што информираше градоначалникот, вакви инфо-точки ќе бидат отворени и во други јавни установи низ градот, со цел „Скопје 2028“ да биде поблиску до секој граѓанин, до секоја населба и до секоја заедница.

Реклама

– Сите јавни установи под надлежност на Град Скопје ќе добијат свои инфо-канцеларии, како места за информирање, комуникација и вклучување на граѓаните во овој значаен процес. Титулата „Европска престолнина на културата“ не ја гледаме само како културен настан, туку како историска можност за вистинска трансформација на Скопје – додаде скопскиот градоначалник.

Во објавата пишува и дека ова е процес што ќе допре до инфраструктурата, урбаното уредување, социјалната грижа, јавниот простор, културните установи, младите, креативните индустрии и сите пори на градскиот живот.

– Скопје 2028 е визија за современ, европски, достоинствен и отворен град. Град што ќе се менува за своите граѓани и со своите граѓани. Од денес, таа приказна станува уште подостапна за сите – потенцираше Ѓорѓиевски.