Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Економија

Ѓорѓиевски: Целосно се реконструира мостот „Естакада“ – важна сообраќајна врска за Гази Баба и за Скопје

Целосно го реконструираме мостот „Естакада“ – важна сообраќајна врска за Гази Баба и за цело Скопје, соопшти денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук. Тој информираше дека денеска со градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, го означиле почетокот на санацијата на мостот „Естакада“, појаснувајќи оти станува збор за проект што со години бил барање […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Целосно го реконструираме мостот „Естакада“ – важна сообраќајна врска за Гази Баба и за цело Скопје, соопшти денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Тој информираше дека денеска со градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, го означиле почетокот на санацијата на мостот „Естакада“, појаснувајќи оти станува збор за проект што со години бил барање на илјадници жители и една од најважните сообраќајни точки во овој дел од градот.

– Овој мост има особено значење, затоа што се наоѓа на еден од најфреквентните излези од Скопје и претставува важна врска за граѓаните кои секојдневно се движат кон и од општините што гравитираат во овој дел. Тука минуваат работници, ученици, семејства, компании, транспорт и затоа нашата обврска е оваа сообраќајна артерија да биде безбедна, функционална и достоинствена – нагласи Ѓорѓиевски.

Реклама

Санацијата опфаќала пристапни рампи на вкупна површина од 10.000 квадратни метри, од кои 3.800 квадратни метри ќе биле целосно обработени со гребење и вградување два нови слоја асфалт, додека на делот од мостот ќе се поставел нов асфалтен слој.

– Дополнително, ќе се изврши замена на рабници, изработка на асфалтни тротоари, чистење, санација и бојадисување на заштитната пешачка ограда, како и замена на постоечките капаци за шахти – додаде градоначалникот.

Вкупната должина на делот што се санирал изнесува 1,5 километри коловоз.

– Ова е вложување во безбедноста, во подобрата поврзаност и во секојдневието на илјадници граѓани. Скопје заслужува модерна, безбедна и функционална инфраструктура. Затоа најавувам дека ќе продолжиме со санација на сите мостови во градот каде што има потреба. Продолжуваме да го градиме Скопје – чекор по чекор, проект по проект, со дела што се гледаат – потенцираше градоначалникот.