Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Ѓорѓиевски: Продолжуваме посветено, зашто пред Скопје се уште многу големи инфраструктурни проекти

По повеќегодишен застој предизвикан од нерешени имотно-правни односи, изградбата на клучката „Момин…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повеќегодишен застој предизвикан од нерешени имотно-правни односи, изградбата на клучката „Момин Поток“ денес се одвива со засилена динамика. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека веднаш по преземањето на функцијата биле преземени конкретни чекори за надминување на долгогодишните пречки и за продолжување на реализацијата на овој исклучително значаен инфраструктурен проект, пишува во денешното соопштение на Град Скопје.

– Уште од првиот ден силно се заложивме да ги решиме проблемите што со години ја блокираа изградбата на клучката „Момин Поток“. Денес, на терен се гледаат конкретни резултати и проектот конечно напредува со динамиката што ја заслужува – се истакнува во пишаната изјава на Ѓорѓиевски.

Како што информираат од Град Скопје, во рамки на тековните градежни активности, поставен е нов асфалт на коловозните ленти за влез во Скопје. По целосното расчистување на трасата, ќе се продолжело со изградбата и на коловозните ленти во правец кон булеварот „Словенија“.

Реклама

– Паралелно се работи на изградба на три моста. Во моментов се врши уривање на стариот дел од мостот над реката Серава. Првиот дел од новиот мост е веќе изграден, а во следната фаза ќе се пристапи кон негово целосно комплетирање. Истовремено, во тек е и изградбата на нова атмосферска канализација, со што ќе се обезбеди подобро и поефикасно одведување на атмосферските води во овој дел од градот – се додава во соопштението.

Со целосната реализација на клучката „Момин Поток“, се истакнува, значително ќе се растовари сообраќајот, ќе се овозможи побрзо и побезбедно движење и ќе се добие современо сообраќајно решение на една од најфреквентните точки во Скопје.

– По долгогодишниот застој, денес на терен се гледа напредок. Продолжуваме посветено, затоа што пред Скопје се уште многу големи инфраструктурни проекти – порачува градоначалникот Ѓорѓиевски.