Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ конечно се става во функција

Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ конечно се става во функција – напиша попладнево…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ конечно се става во функција – напиша попладнево скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на „Фејсбук“ нагласувајќи дека со години бил симбол на застојот.

– Кај скопјани остана запаметен како „мостот што водеше во дневна соба“ или „мостот за ловење риба“. Конечно, станува мост што ќе ги поврзува луѓето, ќе го забрзува сообраќајот и ќе го менува секојдневието на граѓаните. Ова е резултат на силна волја, чесен збор и секојдневна, макотрпна работа – додаде градоначалникот.

Тој посочи дека кога ја презел одговорноста да го води Скопје, ветил оти овој проблем ќе биде решен во текот на четиригодишниот мандат. Ѓорѓиевски истакна дека со гордост може да каже дека ова ветување се исполнува за помалку од една година.

Реклама

Во изминатиот период, посочи тој, решен бил најголемиот предизвик – експропријацијата.

– По истекот на рокот за преселување на семејствата што живееја на трасата, денес почнуваме со расчистување на булеварот АСНОМ, токму од мостот „Генерал Михајло Апостолски“, со што почнува неговото конечно ставање во функција. Паралелно продолжува и процесот на експропријација на преостанатиот дел од булеварот, сѐ до неговото целосно завршување. Од срце сакам да им изразам благодарност на луѓето со кои денес заеднички испишуваме едно ново поглавје. Благодарам на чесните, достоинствени и домаќински семејства, кои покажаа разбирање и мудрост, кои подадоа рака таму каде што со години имаше застој. Благодарам за довербата, за човечкиот однос. Денес, тие не се дел од проблемот, туку од решението – додаде Ѓорѓиевски.

Тој им се заблагодари и на своите колеги, градоначалниците на општините Аеродром и Гази Баба – Дејан Митески и Бобан Стефковски – за нивната посветеност, поддршка и заедничка борба овој долгогодишен проблем, конечно, да стане минато.

– Но, ова не е единствениот откочен проект. За само неколку месеци ги откочивме „Момин Поток“, булеварот Борис Трајковски, мостот на „Љубљанска“ и подземната сообраќајница на булеварот Македонија – проекти што со години изгледаа како недостижна желба, а денес чекор по чекор стануваат реалност. Тоа е разликата кога има визија. Тоа е разликата кога има храброст да се носат одлуки. Тоа е разликата кога се работи секој ден, без изговори. Тоа е разликата кога дадениот збор пред народот е света обврска, а не празно политичко ветување – истакна градоначалникот.

Ѓорѓиевски нагласи дека секоја завршена улица, секој откочен проект, секој нов мост е доказ дека Скопје повторно се движи напред.

– Ова е резултат на силна, искрена и неуморна работа. Но, повеќе од сѐ, ова е резултат на довербата што секојдневно ми ја давате вие, мојот народ. Таа доверба е мојата најголема сила и најголема обврска. Кога има искрена намера, кога има чесен пристап и кога постои љубов кон својот град, нема невозможни проекти. Продолжуваме уште посилно. За Скопје што повторно победува. За Скопје какво што го сакаме. За Скопје какво што го заслужуваме – се додава во објавата на Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.