Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Штип го добива првиот Центар за рехабилитација за деца и младинци со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Штип го добива првиот Центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост на Истокот. Завршена е тендерската постапка за избор на фирма, а наскоро ќе започне преадаптацијата на просторот. Со неговото отворање ќе се обезбеди дневна грижа и стручна поддршка за 40 корисници и нивните семејства.

„Согласно динамиката и временскиот рок за изградба, очекувам до крајот на годината истиот да биде изграден, да бидат адаптирани просториите, а веднаш потоа и да биде ставен во функција“, изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Центарот ќе биде сместен во дел од објектот на Средното текстилно училиште, каде ќе се спроведува рана рехабилитација со поддршка од логопеди, дефектолози и физиотерапевти. Корисниците истовремено ќе развиваат животни вештини за поголема самостојност, а активно ќе бидат вклучени и родителите.

Реклама

Во иднина е планиран и Центар за младинци, кој ќе се гради меѓу населбите Железничка и Пребег.

„Еден од предлозите е, како општина, да преотстапиме една локација на која, перспективно, Здружението на лица со попреченост ќе има можност преку различни проекти да направи одредена содржина од која ќе имаат корист“, изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Изградбата и опремувањето на Центарот ќе чинат околу 11 милиони денари. Најголем дел од средствата се обезбедени преку Министерството за социјална политика, демографија и млади, а 11% треба да кофинансира Општина Штип.