Реклама

Разговор со д-р Вело Марковски: Колку се опасни бактериите во загадената вода?

Состанок на Штабот за управување со кризи

30 парични казни и 12 забрани за работа по вондредните инспекции во гостиварско

Деновиве во Кореја се одлучува за статусот на Охрид во УНЕСКО

Мицкоски: Водата во Гостивар до крај на неделата ќе биде за техничка употреба

Словенечки модел за ставање крај на злоупотребите на боледувањата

Летнатите кровови отворија сомнежи – почнуваат проверки на градежните стандарди

Мицкоски: Размислуваме за повторно намалување на ДДВ од 18% на 10%

АХВ: Во Гостивар изречени 30 казни и затворени 11 нерегистрирани оператори

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Македонија

Шасивари: Македонија и Косово градат силно партнерство на европскиот пат

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска оствари средба со амбасадорот на Република…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска оствари средба со амбасадорот на Република Косово во земјава Флоријан Ќехаја, на која беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка и интензивирање на партнерството во областа на правдата и евроинтеграциите.

Како што соопшти Министерството за правда, на средбата било истакнато дека Македонија и Косово, како добри соседи и партнери, ја делат истата визија за стабилен регион заснован на владеење на правото, демократски вредности и полноправно членство во Европската Унија.

Во таа насока, била нагласена важноста од размена на искуства и добри практики кои ќе придонесат за поефикасно спроведување на реформските процеси.

Реклама

Посебен акцент бил ставен на реформите во правосудниот систем, зајакнувањето на независноста на судството и процесот на дигитализација.

Министерот Шасивари истакнал дека функционално, независно и ефикасно правосудство е предуслов за враќање на довербата на граѓаните и за успешен напредок во европските интеграции.

Од Министерството за правда посочуваат дека заедничката определба за реформи, владеење на правото и европска интеграција претставува силен темел за уште поинтензивна соработка меѓу  Македонија и Косово.