Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Фаризи: Владата се движи на прав пат и ги исполнува очекувањата на граѓаните

Владата се движи на прав пат и ги исполнува очекувањата на граѓаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата се движи на прав пат и ги исполнува очекувањата на граѓаните во согласност со дадените ветувања. Вака упатените ги коментираат резултатите од последната анкета, која отслика дека по две години власт, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски и натаму се со огромна предност пред останатите политички партии и лидери. За дел од нив, ваквиот епилог не е нималку изненадувачки, ако се има предвид каква била состојбата која ја затекнала оваа Влада.

„ВМРО-ДПМНЕ во континуитет во последните три-четири години го има речиси истиот рејтинг, имајќи предвид дека се движи околу 23 до 25%, тоа е невообичаено за другите политички партии во историјата на Македонија. Тоа покажува дека од тоа што има наследено, една тотално банкротирана држава пред две години, дополнително влијае рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и на премиерот да е висок“, изјави Љуљзим Фаризи, политички аналитичар.

За премиерот Мицкоски, високата поддршка од граѓаните е потврда за сработеното, но и обврска да се продолжи со работењето и исполнувањето на она што било ветено. Фокусот, според него, останува на реализација на проекти, реформи и исполнување на очекувањата на граѓаните.

Реклама

„Ние сме фокусирани на работа, на проекти, на реализирање реформи, тоа што е наша задача. Од друга страна имаме опозиција која е поделена на два дела. Нивната стратегија се темели на две основи, едната е да кажуваат невистини во јавноста, да навредуваат, да измислуваат, да клеветат“, изјави Христијан Мицкоски

Последната анкета, спроведена за порталот МКД.мк, покажа дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е три и пол пати поголем од оној на СДСМ. Премиерот Мицкоски, пак, е убедливо најпопуларен политичар, со повеќе од четирипати повисок рејтинг од оној на Венко Филипче. Во анкетата, клучниот проблем за граѓаните останува правосудството. Мнозинството од анкетираните изразуваат поддршка за европската интеграција на Македонија доколку се овозможи членство без право на вето.